Преображение, наше
  Објавено на
share

Преображение, наше

 
Strumicki Naum

Ако ни е допуштено да говориме само согласно словото на Евангелието, тогаш зборуваме единствено за Преображението на Богочовекот Исус Христос и само тоа го „славиме“. Ако сме се оспособиле и ако ни е дадено да говориме согласно Духот на Евангелието, и ако сакаме да откриеме дека Преображението Господово има суштинска врска со нас, тогаш зборуваме за преображението на светите апостоли, и тоа заедно го славиме.

Оти ништо не Mу се додаде на Оној Кој имаше сn4; од самото воплотување, туку на оние (затоа и нам) што ништо немаа, а кои одеднаш ги видоа со своите преобразени телесни очи Богочовекот Христос – Каков што Е, Мојсеј и Илија – какви што се, како и гората Тавор и сn4; околу нив – какво што е, во несоздадената божествена Светлина.

Но, вистинските богопоклоници ќе се поклонуваат во Вистината, односно во Христос (во Црквата како Тело Христово, чија Глава е Он) и во Светиот Дух (види: Јован 4, 23), постојано преобразувајќи се и духовно растејќи низ трите степени на духовниот развој, од очистување во просветлување и од просветлување во боговподобување (обожение). Средина во духовниот живот нема, или одиме, односно се искачуваме (затоа и на Гората) по овој евангелски и светоотечки Христов пат, или паѓаме низ нивоата на противприродниот начин на живот: неврози (чувства и помисли без контрола), психопатија или социопатија (зборови и дела без контрола) и демонизираност.

Да се потсетиме уште еднаш:   „Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето на енергијата на умот кон светот се нарекува секундарна функција на умот, односно разум. Потребно е, значи, да ја активираме примарната функција на умот, односно да ја пренасочиме единствената енергија на умот од надвор кон неговата суштина во срцето, а преку неговата суштина таа енергија да се насочи кон Бог“.

Со ваквото непрелестно кружно движење на нашиот ум се остварува соединување и општење со несоздадената енергија Божја, а на тој начин и преобразување на севкупниот ум. Со преобразувањето на умот истовремено се преобразува и обожува и нашата душа и нашето тело, та на крај, и со своите телесни очи да можеме да ја видиме и несоздадената енергија Божја како Божествена светлина и слава – во нас и во сn4; создадено околу нас. Ова е суштината и целта на покајанието, т.е. преумувањето.

Токму овој дар на севкупно преобразување го примиле вонредно и привремено Петар, Јован и Јаков на гората Тавор, и затоа ги изговориле оние чудесни зборови: „Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме тука три сеници: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија” (Матеј 17, 4). Гледате? Не ни помислуваат да направат сеници и за нив самите. Тоа е вистинско присуство на благодатта Божја, кога ќе се заборавиш себеси заради Богочовекот Христос.

Благиот ден Преображение уште еднаш ни потврдува дека учењето за умно-срдечната молитва, очигледно, не е просто еден дел од севкупното свето Предание, тоа е самата срж на светото Предание на Православната Црква. Затоа, кога Светите Отци исихасти имале можност да изградат црква, тие најчесто ја посветувале на Преображение и тоа било знак на нивното присуство на тој простор и во тоа време од историјата. Исто така, и постот до денес е за овој празник. Преображение и Успение се, всушност, двоеден празник и двоеден пост.

Господи Исусе Христе, преку Богородица, и прими нn4; и преобрази нn4;!

Пишува: Митрополит Струмички Наум




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани