Како се прават глупи деца - прашајте ја тетка Рада ќе ви каже
  Објавено на
share
Шекеринска: Ќе ги намалиме бројот на часови и на предмети во основно и во средно образование
 

Ќе ги намалиме бројот на часови и на предмети во основно и во средно образование, а фокусот ќе го ставиме на математичките и на јазичните вештини кај децата во Република Македонија, најави во петок потпретседателот на СДСМ Радмила Шекеринска.


„Денеска децата и во основно и во средно училиште се преоптоварени со многу содржини и многу предмети... Резултатот на сево ова е површно знаење, слабо знаење, многу нервози и многу незадоволство, и кај учениците, и кај родителите, а и кај наставниците“, рече Шекеринска

Според неа, на македонското образование му треба темелна реформа, односно фокусот да биде ставен на оние вештини коишто ќе им помогнат на децата и на учениците, и полесно да дојдат до работа, а тоа е математиката и познавањето на неколку странски јазици.

„Ние сметаме дека ваквата реформа ќе вроди со плод, и ќе направи подобро образование, но и повеќе шанси на сите овие деца утре да дојдат до квалитетна работа“, истакна Шекеринска.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани