Колумна на Ванковска - КАЛАМИТИ ЏЕЈН
  Објавено на
share
 

Дека пратениците се „волци“ (примитивни, потпивнати и наапани) е одамна познато, но страшно е колку совршено Јанева се вклопи во амбиентот: како лонче и поклопче! Еден наслов пишува: не е добра за интервјуа, ама во Собрание беше одлична, им покажа „заби“! Небаре наддржавен фактор, таа делегитимира институции и имплицира колективна вина, доведува во прашање мандат на независни пратени(чк)ци поради нивната партиска предисторија, селјачки итро им се заканува...

Тоа што политичката/партиската јавност е на спротивни позиции во однос на Катица Јанева не е изненадувачко. Но кога демократската и интелектуалната јавност ќе се претворат во хор - тоа е феномен што Катица Јанева треба да ја направи недопирлива за каква било јавна критика! Таа стана икона и предмет на апологија, колумнисти ја портретираат како хероина и жртва, а само пред само една година o7; се потсмеваа. 

Луѓе познати по елитизам ќе протестираат во знак на поддршка за ЦрвенКатица нападната од волците-садисти во парламентот. Мислењето од ланската колумна „Игорче и Кејти“ не сум го сменила ни за милиметар, само што „Игорче“ (Македонија) е поретардиран, а Кејти е разгоропадена. Попусто споредби со романската обвинителка: тие се разликуваат како ден и ноќ (погодете кој ја претставува ноќта). Дел од јавноста е подготвен да мижи пред јавно манифестираната професионална и интелектуална инсуфициенција; ако и не ја бива (ова го признаваат само приватно, јавно не смеат да зуцнат), тогаш надежта ја ставаат на мистериозниот тим на соработници и советници, кои треба да успеат во она за што главната е очигледно неспособна. Најискрено се надевам дека нивните надежи ќе се исполнат, а мојата скепса ќе се покаже неоснована. Мислам дека ваква обвинителка е „бинго“ за осомничените, но останува да видиме. 

Колумнава е само отпор кон замолчувањето на секој критичен глас, против глорификацијата на просечноста и заложба за непречена опсервација и барање одговорност и од специјалните носители на функции. Се наметнуваат лажни дилеми: ако на Јанева не o7; припишеш способности што очигледно ги нема, тогаш мора да си со режимот и го штитиш криминалот. Не ми гине етикета, а веќе ми порачуваат да замолчам, и ако веќе не o7; помагам на Јанева (како, побогу?), тогаш да не o7; одмагам. 
Но Јанева не е божица, за фактите да замолчат пред неа. Уште на почеток видовме неука обвинителка од Гевгелија (чија кариера почнала во судот на тате, кој бил претседател); цветаше од насмевки како да добила на лотарија и се фалеше дека има шофер (!?). Секој и малку разумен и искусен професионалец ќе се замислеше пред сериозноста на предизвикот - прогон на највисоки државни функционери за најтешки кривични дела! Но таа им се поклони на домашните и на странските центри на моќ, (кои ја одбраа без јавен конкурс, по пат на пазарење и со притисок). 

А кога го спомена „авиончето“, кое летало (со указот), веќе сn4; беше јасно дека и таа почнала да лета. Шарената револуција o7; даде ореол на Валкирија, хероина и маченичка уште пред да покаже каков било резултат - и со тоа o7; додели политичка, а не правна функција. Јанева со право се жали на опструкциите и на аболицијата, но некои од нас не можат да ги заборават и неодложните велигденски обврски, свадбата, прошетките до Рим, Дубровник, воркшоповите и конференциите. Таа сега го обвинува парламентот дека o7; го арчи времето за дребнулии како што е извештај за отчетност. Впрочем, и сега расправата ја заврши во ист стил: имам неодложни лични работи за време на викендот. 

Јанева е мит во кој сме принудени да веруваме (тешко на Неверен Тома, кој ќе се посомнева; веднаш ќе го острахираат и анатемисаат токму оние што му се смееја на Иванов што пелтечи или што арогантно гледаат од висина на секој што е недоветен, па дури и оние што посакуваа да видат јавна личност, која не чита кога говори). Јавната слика што се исцртува со беспрекорни потези на „фрескоцртачи“ ме потсетува на легендата за Каламити Џејн. Онаа (наводно) опасна жена од времето на Дивиот Запад, не била ништо друго туку обичен мит (и самата учествувала во креацијата на својот јавен имиџ од комерцијални причини). Западот сега не е див, ама сака да продуцира легенди. Бизарно е сред примитивизам и салиерштина, да очекуваме Јанева да отскокнува. Наивни се оние што веруваат во постоење проблесоци, брилијантни и чесни луѓе, со интегритет и морал, ама и со стручност и професионалност, кои ќе гарантираат правично судење, дури или особено за омразени ликови - бидејќи тоа е функцијата на делењето на правдата! 

Велат Катица не е оратор, ниту ораторство o7; е потребно, што е извртување на тезите и девалвација на правничката професија. Ако е така, зошто им се потсмеваме на неписмените во адвокатските канцеларии, обвинителствата и судовите кога ќе им ги прочитаме списите и пресудите? Јанева е продукт на високото образование и жив одраз на севкупниот амбиент! Не е проблемот во неа, туку во фактот што градиме општество на неизвонредност. Немав привилегија професор да ми биде Иво Пухан, чие име денес го носат Ораторските денови на кои идните правници ги покажуваат своите вештини. Сега постојат предмети како правна реторика и ораторство. Во мое време, во морето осредни (и такви што читаа), имав неколку извонредни професори, од кои научив што е ерудиција и зошто вербалното изразување е важно за правничката професија. Сега ме убедуваат во спротивното, и дека „доказите сами ќе зборувале“ или дека „можеби нема вербални вештини, ама е добар менаџер во СЈО“. За менаџирањето, симнувам капа: изменаџира за себе највисока позиција, буџет како за НАСА, други попаметни од неа работат за хонорарчиња. И покрај одбивањето да поднесе финансиски отчет, јавна тајна е дека она што го заработува за 1,5 месец изнесува колку годишна плата на универзитетски професор, за „обичните луѓе“ (како што ги нарекува) и да не зборувам. 

Човек не знае дали да плаче или да се смее пред хорската пофалба на ограниченоста и потребата од неуки херои! Обична артикулација на мисла за сопствената работа се изедначува со ораторство или со елоквенција! Па тие се „виша математика“ за Јанева (како и за политичарите и функционерите)! Но, да не се знае правната квалификација на делото за кое го гони Заев и да се чита од хартија, тоа е скандалозно! За тоа се паѓаше на испит кај Марјановиќ и кај Камбовски! Ако е ова превисоко барање, тогаш ова е навистина општество што сака неуки херои, но нека не биде селективно кога се подбива со други од нејзин или од повисок калибар. Фокусирани на јавниот настап, малкумина забележаа многу позагрижувачки знаци, како политичката ароганција, непознавањето и непочитување на уставниот поредок и на својата позиција во него, но и неподготвеноста за отчетност. 

Дека пратениците се „волци“ (примитивни, потпивнати и наапани) е одамна познато, но страшно е колку совршено Јанева се вклопи во амбиентот: како лонче и поклопче! Еден наслов пишува: не е добра за интервјуа, ама во Собрание беше одлична, им покажа „заби“! Небаре наддржавен фактор, таа делегитимира институции и имплицира колективна вина, доведува во прашање мандат на независни пратени(чк)ци поради нивната партиска предисторија, селјачки итро им се заканува на пратеници (им го познала гласот од снимките) за кои не поднела обвинение. Оперетата со извици дека никому не му се плаши, па и тоа што o7; се слоши, не ги коментирам - но, во неа навистина чучи политичарка! 

Но сега е обвинителка, па иако специјална - она што важи за сите носители на јавни функции мора да важи и за неа. Таа не презентира извештај, туку испорача ултиматум. Силата не o7; извира од легитимитет добиен на избори, јавен конкурс или протести. За жал, ароганцијата се должи на свеста дека Собранието е тигар од хартија, а Уставот дерогиран и со воведувањето на СЈО по сила на политички волунтаризам. Зад решетки треба да се најдат сите за кои во правична судска постапка ќе се утврди вина, но Каламити Џејн (создадена од недивиот Запад) мора да ја почитува поделбата на власта и принципот на владеењето на правото, кој гласи: „никој не е над правото, па ни СЈО и/или Јанева“.



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани