Латас држи час по алгебра - Математика
Автор: Д.П.Латас   Објавено на
share

ПОНЕДЕЛНИЧКИ - Математика

Недела, 27.11.2016 18:02 Коментари

Две недели пред изборите атмосферата полека се загрева.

Од една страна, ВМРО ги потенцира досегашните резултати и авторитетот дека тоа што досега го ветиле и го оствариле. Изборот е: Груевски или Заев за премиер.

СДСМ се млитави и неубедливи на терен. И визуелно, и вербално и содржински нивната кампања е бледа, блентава и без поента. Прашање на ден е кога, соочени со сопствената импотенција и немоќ ќе посегнат по илегалните разговори.

Се гледа дека имаат пари. Прислушкуваните разговори се дебело изрекетирани, и од тоа добри пари собрани, а кога ќе се додаде и дипломатскиот буџет испран низ разни невладини организации се доаѓа до износ кој е очигледно поголем од минатите избори кои ги водеа Заев и Шекеринска, како и од тие претходно кои ги водеше Црвенковски.

Пари имаат но, луѓе и памет помалку од било кога.

Нивниот подземен партиски асистент - СЈО, за разлика од нив работи турбо. Што не можат сами - добиваат логистика од дипломатските експертски служби.

Упаѓаат по партиски штабови и ги плашат активистите на Груевски, тресат фирми за кои Заев им рекол дека се блиски до ВМРО, министерствата се под опсада од нивните истражители, се притискаат и уценуваат судии да седнат во скутот на СЈО. А јас сум, нормално, под посебен режим на притисок. Иако не сум ни политичар ни државен службеник кој има моќ и носи одлуки. Процениле дека сум фактор, па тоа ти е.

Ако тоа ги прави среќни, особено ако така можам да ја усреќам убавата Ленче Ристовска, еве признавам дека сум фактор. И на Катица ќе и признаам, иако не е Ленче.

Но, тоа нема да ги смени фактите. Тоа што нив ги боли е што се само обвинители, и нивниот збор не вреди ништо повеќе од зборот на адвокатите. Тие би сакале да обвинуваат, јавно клеветат и понижуваат и - да судат и осудат.

Да му помогнат на Заев за овие избори, а особено за локалните в година кои му се најважни. Да му ги излечат провинциските фрустрации, гнев, ментална и интелектуална инфериорност носена длабоко во него. Да го направат бел, убав и висок додека трчка наоколу во неговите скапи кондури број 39, од Муртино, до Скопје преку Струмица.

Колку што се криви оние што СЈО ги сомничи и јавно плука за потреби на Заев и СДСМ, толку се виновни и нивните обвинители против кои се водат постапки за незнаконско изнудување, присила и уцена во прибирање докази. Што е тешко дело.

И за нас, и за нив, судот ќе суди. И ќе биде како што судот, а не СЈО ќе каже.

Штета. Многумина од СЈО очекуваа нешто ново, а добија стар комунстички сатрап.

Зошто ни дипломати, ни бомби, ни белосветски демонстрантски фукари како Канвас од Белград, ни СЈО, ни приватните удбаши, ни милионите изрекетирани од телефонски разговори не можат да им помогнат на СДСМ и Заев на овие избори.

Затоа што СДСМ не е партија. Нема политика, ни идеја ниту програма. Затоа што е тоа обична партиска банда на еден провинциски олигарх кој користи фирма на партијата за да го бетонира своето сомнително богатство, и да се спаси себеси од затвор.

Ни оние кои се во СДСМ не веруваат во победата на таа партија. Ниту во Заев.

Еве, нивната Телма во петокот објави своја анкета според која, две недели пред изборите, ВМРО-ДПМНЕ има околу 23, а СДСМ само 18 отсто поддршка.

Тоа се повеќе од 85.000 гласови предност на ВМРО-ДПМНЕ. Или, пренесено во пратеници, ВМРО-ДПМНЕ би имале најмалку 12 пратеници повеќе од СДСМ.

Тоа е математиката од кампот на СДСМ. Сами себе на толку се проценуваат. Сами за себе предвидуваат убедлив пораз, отприлика како оној на изборите во 2011 година. Тогаш ВМРО имаше 56 пратеници, а СДСМ 42. Прилично убедлива победа на ВМРО.

Истиот ден анкета објави и Брима Галуп правена за Република. Според таа математика ВМРО-ДПМНЕ пред избориве има 27%, а СДСМ околу 16. Разликата е околу 11%, или 190.000 гласови, што е барем 23 пратеници повеќе за ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ. Тоа е убедлива победа на ВМРО, слична на претходните избори од 2014 кои, како и сега, ги загуби Заев: ВМРО-ДПМНЕ имаше 58 пратеници, а СДСМ само 34.

Нека згрешиле и двете анкети, еве нека е вистината некаде помеѓу. И така, ВМРО-ДПМНЕ би имале победа со најмалку 137.000 гласови разлика, што е 18-19 пратеници повеќе во парламентот. Тоа е најмалку 56-57 пратеници за ВМРО, а за СДСМ 38-39.

Бидејќи најмалку еден пратеник избран меѓу иселениците ќе биде од редовите на ВМРО, тогаш екипата на Груевски според анкетите може да смета на 58-59 пратеници.

Тоа се само 3-4 пратеници помалку од потребните 63 за Македонија да се спаси од етнички тензии, кантонизација, двојазичност и можни вооружени немири и судири.

Дали ќе ја држиме судбината во свои раце, и ќе сочуваме стабилност, етнички баланс, покачувања плати, пензии, нови вработувања и експанзија на инвестиции и јавни градби - зависи од нас. Барем засега, до 11 декември и денот на избори.

Глас за Груевски значи тоа. Продолжување на стабилност и докажаниот концепт после кој скоро и да нема куќа која не видела фајде од зголемените плати, пензии, вработувања, субвенции, нови патишта и болници, градинки, театри и спортски центри.

Што е другата опција. Што би донела победата на Заев и СДСМ.

Сега веќе нема дилеми. Кантонизација и двојазичност се основа на политиката на Заев, Шекеринска и СДСМ. Тоа го зборуваат јавно, секој ден на своите митинзи и настапи.
Двојазичноста ја укинува единственоста на македонската култура и нација, и нејзината автентичност на оваа територија. Стануваме ортаци, а потоа и потстанари во единствената држава која ја имаме. Албанците веќе имаат две: Албанија и Косово.

Помеѓу останатото, двојазичноста значи и масовна преселба на Албанците во централна и источна Македонија, а потоа по преселбата Кавадарци да биде Дебар, Штип да биде Тетово, Битола ја чека судбината на Гостивар, а Струмица ќе стане Струга.

Да не одиме подалеку, да ја погледнеме математиката на само неколку примери.
Во општа двојазичност, секое школо во Македонија мора да има барем еден-двајца службеници Албанци, плус наставници... за да може секој Албанец кој по која било потреба ќе стапне во школото, да има со кого да комуницира на албански јазик.

Во Македонија, со централните и подрачни училишта, има околу 700 школи и 105 гимназии. Значи, со обврската за двојазичност на целата територија која ќе создаде обврска за повеќе од 3.000 нови вработувања за Албанци во школите, гимназиите и факултетите низ Македонија каде што сега таа обврска ја нема, без оглед дали таму има ученици и студенти Албанци, или допрва некој ќе се запишува.

Тие 3.000 Албанци кои треба да се доселат во централна и југоисточна Македонија ќе дојдат со своите семејства. Децата кои ќе треба да им учат албански во Неготино, Гевгелија, Прилеп, Берово, Кочани... а уште поизразен тој процес ќе биде во големите градови како Велес, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид... или општини како Аеродром.

Во градовите, освен во школи, јавен сервис се врши и во амбуланти, факултети, комунални претпријатија, царина, полиција, управа за приходи, судови, аптеки... кои исто така ќе имаат обврска за двојазичност. Ќе мора да имаат вработени Албанци кои сега во тие градови ги нема ни по број, ниту според квалификации и ќе се доселуваат таму од северозападниот дел на Македонија. Ќе ги чекаат гарантирани работни места.

Кога ќе се пресметаат само најосновните јавни услуги, математиката кажува дека околу 20.000 Албанци ќе добијат гарантирани нови работни места во југоисточниот и централниот дел на Македонија, и големите скопски општини како Аеродром, Кисела Вода, Карпош... А со тие 20.000 преселба следи и на нивните семејства, што значи дека околу 50.000 Албанци ќе транзитираат од Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Куманово, Чаир, Арачиново, Сарај... во Струмица, Гевгелија, Кавадарци, Велес, Штип, Кочани, Битола...

Тоа е колонизација, темелно менување на етничката карта на Македонија, културните и национални традиции и безбедносна состојба во тие градови и општини.

И тоа ќе треба да го плаќаме од наш џеб, нови пари во во буџетот за тие нови најмалку 20.000 етнички работни места. Тоа се бруто 180 милиони евра годишно, да платиме за Македонците да се загубат самите себе во сопствената Македонија.

Ова е проста и прецизна Математика, тука нема политика или надмудрување.

Тоа е понудата на Заев за да добие власт. Тоа е опасната Пандорина кутија на отворен вулкан кој пеплосува се околу себе. Кутијата ја отвори, и Албанците оваа шанса од Заев дадена ја прифатија со еуфорија, и ќе ја туркаат со сите средства.

Или ќе ја затвориме Пандорината кутија на 11 декември, или...

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани