Рускиот конзул во Грција е најден мртов во неговата резиденција во Атина
  Објавено на
share

Рускиот конзул во Грција, Андреј Маланин, денеска е најден мртов во неговата резиденција во центарот на Атина.

Дипломатот бил пронајден од соработниците во конзулатот, кои откако не се појавил на работа, со полиција влегле во неговата резиденција каде го нашле мртов на подот.

Грчките медиуми пишуваат дека Маланин веројатно починал од природна смрт и дека нема знаци на насилство на телото. Сепак, обдукцијата ќе ја покаже вистинската причина за смртта на дипломатот кој бил на возраст од 55 години.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани