Конечно достојна рекација-шамар - ПОПОСКИ ДО БУШАТИ: ГЛЕДАЈ СИ ГО СВОЈОТ ДВОР!
  Објавено на
share

ПОПОСКИ ДО БУШАТИ: ГЛЕДАЈ СИ ГО СВОЈОТ ДВОР!!!



 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска реагираше на изјавата на албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, во која коментираше за внатрешните случувања во Македонија и Македонците ги именуваше како славо-Македонци.

„Не е добро политичари од регионот да влечат чекори за потреби на претстојни избори. Целта е да создадат слика дека раководат со сите политички партии со етнички предзнак во регионот. Разбирливо е дека тоа се прави и за внатрешна употреба и за сопствениот рејтинг дома. Но, сепак, овие практики се надвор од нормална меѓусоседска соработка. Најдобро е пред секој обид за демонстрирање глобално лидерство, секој добро да погледне во сопствениот двор. Така, политичарите и во тие земји ќе се фокусираат на подобрување на домашните слабости.

Проблемите со правниот систем, борбата со криминалот и корупцијата, основните човекови права и слободи се дел од оние што се идентификувани од Европската комисија кај нашиот сосед, а и на други места. Објективно, сите ние имаме повеќе од доволно домашни проблеми за да се занимаваме со туѓите. Секако, претходниве точки треба да се приоритет пред еден политичар да се впушти и во идејни толкувања на уставот на соседна земја. Не верувам дека ова е приоритет за даночните обврзници во неговата земја, особено при толку нерешени прашања дома. 

Кој како именува некого е веројатно и одраз на почит и воспитување. Ние сме Македонци и ништо повеќе ниту ништо помалку. Ниту еден демократ не би имал потреба групно или племенски да етикетира. Денес, во Европа е потребен речник и култура за 2017 година, а не за 1913 година“, стои во реакцијата




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани