Прашање - Има ли докази? Може ли да се докаже вмешаноста на Бејли во финасирање на Сорос и радикални исламисти и мешање во изборите во Македонија?
  Објавено на
share
 
Најнормално е дека Стејт Департментот ќе го брани секој свој дипломат, вклучително и Бејли, тоа е нивни прерогатив, тоа е и функција на Стејт Департментот, покрај другото.

Но ако Конгресот утврди дека има вина ... последиците по него ќе бидат катастрофални, благо кажано. Сега траба да се прашате, дали Бејли, оставил траги, кои укажуваат дека се мешал во внатрешните работи и изборите во Македонија и дали финансирал недозволено организации, покрај нашата јасна и недвозмислена перцепција.

Јас не би ставил рака во кофа со млака вода дека Бејли е наивен и дека оставал трагови кои ќе докажат дека е виновен. Мислам дека е доволно лукав, впрочем, он е еден кој не се потпиша против одлуката на Трамп со што полека си пенетрира во новата админситрација.
 
Секако, ако нема докази, може да има сведоштва, а ако ВМРО не снимило разговорите во нивното седиште кога Бејли беше кај нив и ги објават јавно или ги достават до конгресмените кои ја водат истрагата, не знам како ќе докажат она за што го обвинуваат. Не знам колку можат и дали се валидни сведоштва и медиумските прилози за нив (сведоштва од наши политичари).

Ма сите знаеме каква чорба ни запржи џокеров, прашање е дали ќе може легитимно да се докаже и дали истрагата ќе го утврди тоа. Ако го утврди, тогаш треба јавно да се повика на одговорност и целиот персонал кој работи во амбасадата од Македонија како советници и кои ја вршеа мешетарската функција, а нив ги знаеме со име и презиме.
Нејсе, на крај се сведува да се докаже обвинувањето, ако се докаже, готов е и он и целата сорос и сдсм инсталација во амбасадата.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани