УАПСЕН БРАТОТ НА ЕСАД РАХИЌ И БЛИЗОК СОРАБОТНИК НА ЗАЕВ: Дали внуката Берниса како вработена во СЈО сега ќе го вади нејзиниот чичко од затвор?!
  Објавено на
share

 

УАПСЕН БРАТОТ НА ЕСАД РАХИЌ И БЛИЗОК СОРАБОТНИК НА ЗАЕВ: Дали внуката Берниса како вработена во СЈО сега ќе го вади нејзиниот чичко од затвор?!

 


Братот на Есад Рахиќ, бивш пратеник во Собранието на Р.Македонија од редовите на СДСМ, Сеад Рахиќ вечерва е уапсен во рација на полицијата заедно со уште две лица, под сомнение дека организирал криминал група, која вршела продажба на кокаин на наркозависници од Скопје, но и пошироко

zaev_seadRahic

 

Според информации од истрагата, криминалната група, организирана од Сеад Рахиќ, од ноември, лани, до денеска континуирано вршела продажба на кокаин низ цело Скопје, но и надвор од градот, и тоа по цена од 3.000 до 4.500 денари за една паковка, или меѓу зависниците популарно наречена „пакетче“. Полициската истрага засега утврдила осомничените дрогата ја набабувавале од, во моментов, непознато лице од Србија, и тоа во количество меѓу 100 и 200 грама. Македонската полиција интензивно работи на идентификција на српскиот добавувач на осомничените скопски наркодилери.

Сеад Рахиќ, поранешен сопственик на дискотеки и кафулиња низ Скопје, и брат на бившот пратеник на опозицијата во македонското Собрание, Есад Рахиќ. Истрагата на скопските полицајци утврдила дека тој ги ангажирал лицата Дејан М., со прекар „Пенчо“ и Мики З. за да го продаваат кокаинот. По продажбата на дрогата на наркозависници, овие двајца осомничени редовно го известувале Сеат Р. за парите, кои ги заработувале, велат извори во МВР, инволвирани во истрагата.

Според нив, исто така утврдено и дека извесно лице Маријан, со прекар „Мака“, посредувало во вршењето продажба на кокаин. Истрагата на полицијата утврдила дека тој го известувал Сеат Р., кога имало побарување на кокаин од одредени муштерии, ја вршел продажбата, а дел од парите ги задржувал за себе.

Сеад Рахиќ инаку е и близок соработник на Зоран Заев во нелегалните активности координирани со СЈО, каде што впрочем работи и неговата внука, ќерка на Есад, Берниса Рахиќ.

На 15-ти Октомври минатата година, информиравме за средбата помеѓу Заев и Сеад во едно познато скопско кафуле, каде што според  извори на iNFOMAX.mk, дел од пазарот помеѓу Заев и Сеад било и враќањето на семејството Рахиќ и ставање на нивните ресурси на располагање на Зоран Заев. Неофицијално, дел од задачите кои ги добило семејството Рахиќ е да вршат контрола, а по потреба да ги заплашуваат членовите на СЈО кои немале намера да ги извршуваат политичките нарачки на СДСМ што немале никаква правна поткрепа, односно да ги дисциплинираат оние кои одбивале без докази да прават политички театар.

Освен двајцата браќа кои се во блиска комуникација со Зоран Заев, ќерката на Есад Рахиќ, Берниса е исто така длабоко инволвирана во политичките игранки на Заев. Имено, Берниса Рахиќ, која претходно работеше во телевизија Телма, пред крајот на минатата година беше вработена во Специјалното јавно обвинителство, без притоа за работното место да биде распишан конкурс.

Сега, останува на внуката на Сеад и ќерка на Есад да му помогне со криминалните обвиненија и да го вади од затвор, агитирајќи кај Катица Јанева.

објавува инфомакс




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани