КОЛУМНА А АКО НАРОДОТ ВЕ ИСПУЧИРА СИТЕ НА КЛОЦИ! Мирка Велиновска
  Објавено на
share
Датум: 16.02.2017, 16:13

КОЛУМНА

А АКО НАРОДОТ ВЕ ИСПУЧИРА СИТЕ НА КЛОЦИ!

Баш прочитав дека Република Македонија влегла во нова тура заложништво. Многу зачести бе ова. Овој пат ја киднапирал Еди Рама со „платформата“. Штосно испадна ова заебавање со Македонците. Kиднаперите до пладне киднапираат и се закануваат, а од пладне глумат демократи и легалисти, ем преговарачи. Паралелно, вообичаено за ваквите сценарија на ЦИА, се појавија и предлозите за укинување на државата на Македонците на Атлантскиот полуостров и од САД и од Обединетото Kралство. Фантастичниот ЕУ-парламент во меѓувреме ќе гласа резолуција за Македонија во која амандмански интервенираа нашите два омилени соседи Бугарија и Грција едно 318 пати. Главно бараат да не пребришат. Што би рекла онаа шмизла, фашисоросоидна Могерини, цивилизирано европски до коска. Плус, како дополнителна заебанција, во резолуцијата ни се забележува дека двапати сме ги одложувале изборите. Оти од кај да знае европратеникот дека одложувањето го притискаа нивниот амбасадор во Македонија, Аиво Орав, еврокомесарите и нивните колеги, а на „замолница“ на американскиот им газда. А нашиве претставители не ги информираат. И така имате вградена „фејк њуз“ во европски „докуменат“.

Што прави технички официјалната држава РМ на ваква организирана канонада, односно, организиран жесток напад против неа? Мрсомуди низ заби, шепоти за никој да не ја чуе. Чека Господ да и помогне. Очекува ѓубрево само да се исчисти за потоа сите топтан да тргнат во докажување со двајца сведоци дека не биле ебани, туку стрелани. Што сигурно ќе го констатира и македонската историска наука, а ќе се рефлектира на музејската историска поставка. 

Има ли Македонија влада во моментов? Што прави премиерот, забравам му името, Димитриев? А оној Никола Поповски сосе МНР-то во кое врие од неспособни и неталентирани кариеристи кои главно времето го минуваат во чешање јајца и меѓусебно оговарање. Што прави Ме Ве Ре-то? До каде стигнавме со десоросоизацијата? Законот што го вети Груевски, го нема како тема никаде. Вакуумот го пополнува ад хок здружение на граѓани со писма и информации за тоа како одекнале тие писма во американските медиуми. Оти овде дома од државните институции, ништо не одекнува како конкретен зафат и предлог. Па затоа и прашувам: Ај што немаме влада, немаме, ама останатите институции кои се грижат за поредок, ред, закон, за безбедност, уставност, работат нешто или и тие чешаат мадиња? Или и законите се суспендирани како и Уставот?

Доста бре веќе н` отекувате со глупи вести дека соросоидите биле фатени на дело како договараат активности против Македонија. Kолку што јас разбирам, кога ќе те фатат на дело во криминал, прељуба, убиство, си има утврдена процедура и разрешница. Во наш случај такво нешто нема. Па, морам да прашам дали уште е на снага Kасиус Kлеј тактиката на Груевски, брмчам како оса околу непријателот, го изморувам, го шашардисувам и оп, во 11. рунда со еден убод го елиминирам? Под услов да е алергичен. Со оглед на досегашниот учинок на оваа „државотворна“ боксерска досетка, се ми се чини дека целта на водачот на ВМРО-ДПМНЕ е да ја нокаутира публиката, а не противникот. Албанските политичари по диктат на бившиот директор на ЦИА напишаа платформа за голема Албанија како претекст за нова војна на Балканот, која, откако ќе почне, ќе ја менаџира мирољубивото НАТО и ќе заврши како нова балканска мировна конференција. На неа традиционално веќе два века мезе ќе бидат Македонија и Македонците. На зелена маса ќе седи Зоран Заев со Рада и Милчин. Е, ама Антонио Милошоски уште си мисли дека етничките платформи биле штетни. Да, ама ако тргнале да се штанцаат во соседството со евро-атлантска фашистичка помош, треба да си ептен акнат во главата и да не оставиш и ти како избрана жртва за отстрел макар пишан траг за по сто години некој да констатира дека си бил жив. За да те констатира како актер во историскиот наратив. Оти од Берлинскиот конгрес, преку Сан Стефано, Букурешт и Версај, секаде стои забелешка дека отсуството на македонската страна било заради нејзината неорганизираност. 

Ало, господо политичари, скурдепсајте се веднаш! Дејствувајте одважно и решително. Не н` пимплајте со изборите. Закажете ги за да не ви ги закаже народот па да се изненадите. Не барајте изговори, не се кријте зад објективни околности и субјективни слабости. Од тоа што по ваша скудна памет имавме само еден избор, сега заради вас немаме никаков. Сакаш или не, ќе мора народот да изврши државен удар за да си ја земе државата во свои раце. Што е? Радикално ви се чини или невозможно? Kонсултирајте ја историјата на светот. Оти Ѓорѓе Иванов не можел по Устав да прогласи вонредна состојба која не е природна, ами е политичка катастрофа!? Заев со Сорос веќе изведе платеничко-агентурски пуч без консултација на Уставот. Чак што више, ги прогласи за вонуставни и уставниот суд и Уставот и институциите и законите. И уште не е во доживотен бајбок. Сега платформистите на Рама н` држат како свои заложници со нов терористички блиц криг. Нема друго освен самите да излеземе од септичкава јама. Одма! Оти додека го чекаме Груевски со ВМРО движењето да разбере дека да бидеш опремен како Си-ен-ен одамна не е комплимент за ниту една телевизиска куќа, ами колосална навреда за професионалното новинарство додека го чекаме Поповски да заборави на политички коректниот новоговор во услови на крајно некоректни, непристојни и вулгарни дејства против државата која ја претставува надвор од нејзините граници, додека чекаме оставка на Зоран Јолевски по информацијата дека омилениот му републикански сенатор Џон Мекејн е соросоид кој добива пари од овој монструм, ќе отиде и овој историски момент бестрага. 

Бидејќи дојдовме до тука ВМРО-ДПМНЕ да биде единствената македонска политичка партија која ги застапува етничките интереси на Македонците, еве ви неколку предлози за платформа. Итно да се донесе документ за нашите колективни национални барања и замена на дефанзивната државна политика и тактики со офанзивна. Целта е да бидеме сфатени сериозно и со уважување, а не како неспособни мивки. Нема преговори со никого за името на државата и идентификацијата на мнозинскиот народ. Нема предлози и референдум за нив. Октроираниот устав донесен под принуда и со странска интервенција во 2002 година, не важи. По одржување на пописот и по изведен референдум, се враќа преамбулата на пучираниот Устав. Со амандман се враќа избришаниот член 15 од Уставот од 1992 со што се озаконува грижата за македонските малцинства во соседните држави. Се отвораат постапки за истражување на злосторите против македонскиот народ и се активираат резолуции за осуда на геноцидните дејства, егзодусот, масовните гробници по изведени колежи и се бара осуда, извинување и обесштетување од Грција, Бугарија, Србија, Албанија, Kосово, Велика Британија, САД, Италија. Се нагласува неопходноста, РМ да си ја организира самоодбраната на нејзината територија и суверенитет преку прогласување воена состојба, а во случај на поединечно или здружено непријателско дејство од соседите. Организација на цивилната самоодбрана и едукација на населението како што се озваничи во низа европски држави. Со устав и закони се доработува делот кој сега пафта како недоречен и непрецизиран, а се однесува на дела како велепредавство, капитулација, организирање индустрија на преврати и револуции спонзорирани од странство. Тоа значи сет законски одредби засновани на недвосмислени уставни начела кои се однесуваат на државјанството (негово стекнување и негово губење) и граѓанските права кои можат да се загубат времено или доживотно заради одредени антидржавни дејства. И овие закони треба да се применуваат ретроактивно со цел да се опфатат актерите на претходните кризи и кризирања. Устоличување на бескомпромисна правна држава во која од врвот до дното сите еднакво ќе одговараат пред Уставот и законите. Донесување на силен и прецизен закон за граѓанско здружување со странски спонзори, приватни или државни, и строги контроли на влезот и излезот на парите со бабачко висока стапка на оданочување. Овој сет од закони да важи ретроактивно, без временско ограничување и политички амнестии. Исто како и злосторите против човештвото и воените злосторства. Ретроактивно до даска, а ќе ги опфати и бројните странски советодавци, олеснувачи, посредници, притискачи и уценувачи. Kомплетна ревизија и преиспитување на досегашната политика кон соседите. Замена на досегашната неуспешна евроатланска политика со неутрална мултиполарна позиција каква што и доликува на држава на геополитичка и геостратешка раскрсница. Итно создавање на државен институт за геополитика и геостратегија. Легализирање на Македонската енциклопедија. Итно отпочнување на сеопфатни образовни реформи кои ги прекинаа налетите на борците за неписменост заседнати во образовните институции со нивните питомци и родители. Чешлање до даска на автономните универзитетски заедници и нивните критериуми за стекнување дипломи и звања. Нема веќе вадење на екстериторијалниот статус и претворање на факултетите во дувла за полуписмени професори и издресирани анархисти. Целта е педагошките факултети да ја издигнат професијата учител на највисоко ниво и со квалитет на кадри и со плати за да не добиваме генерации бројлери, вуду зомби орудија, ами самосвесни, слободни и одговорни луѓе за да може народот мирно да спие и спокојно да живее. Избори можете да цевчите и до пролет. Можете да си се занимавате со себе и да калкулирате колку си сакате, ама времето работи против сите вас. Сега се игра брз шах, ем симултано на десет табли, а вие сте уште гроги и веќе во цајтнот!

Мирка Велиновска




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани