Иванов: Aрмијата е подготвена да ги штити интегритетот и независноста на Македонија
  Објавено на
share

Иванов: Aрмијата е подготвена да ги штити интегритетот и независноста на Македонија


На свеченоста по повод 25-годишнината од преземањето на караулата „Рамна нива“ од страна на припадниците на АРМ и подигнувањето на знамето на Република Македонија на државната граница присуствуваа претседателот Иванов,  началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, генерали на АРМ, Командата на резервните сили, претставници од МВР, локалната самоуправа, организација на резервни воени старешини и други гости

„Знамето што пред четврт век се крена тука, на Рамна Нива, претставуваше јасна и недвосмислена порака дека ова е територија на суверена и независна држава. Држава која е мирољубива и отворена за соработка со сите добронамерници. Но, истовремено, држава со своја сопствена армија која е подготвена по секоја цена да ги штити територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија“ – изјави Иванов

„И денес, како и пред четврт век, се соочуваме со предизвици. Но, и денес, како и пред четврт век, ја имаме Армијата на Република Македонија која е заштитник од заканите, гордост на граѓаните и надеж за мир во земјата” – додаде Иванов





КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани