Ново од Мерцедес - Digital Light Technology или проектори во фаровите.
  Објавено на
share

Откако Џенис за отпеа "нарицаљката"  О ЛОРД ВОНТ ЈУ БАЈ МИ А МЕРСИДЕС БЕНЦ кукањето по овој совршен објект на обожувањето во автомобилската индустрија не престанува. Mерџо е на врвот не само поради квалитетот, туку и силно вложува во нови технологии кои стануваат стандарди. А сега малку во мрачните подруми во фабриката во Франкфурт.

Ако малку се разбирате во технолгијата на тркала, знаете дека се што е денес стандард во автомобилите, турбо, серво волан, серво кочници, абс итн итн првин било имплементирано кај камионите... нејсе. Има мерџо страшно голема дивизија за камиони и сигурно е еден од светските лидери во напредните технологии. Но одвреме навреме и кај врвните нивни класи, С класата, како една од најскапите и најлуксузно сериски автомбили со секоја своја инкарнација зашеметува со новите имплементирани технологии. Последниве години вистинска рЕволуција се случуваше со осветлувањето. Лед светилките кои се покажаа како извонредни во секој поглед, по издржливост и наглавното - минимална потрошувачка, станаа стандард за секој нов автомобил од било која марка и како внатрешно осветлување, сигнализавија но и како светла за осветлување на патот и сигнализација. Па што има ново тука? Еве вака, ако веќе имате дигитални диоди каков проблем е тогаш тие да бидат и проектори (како што сите проектори денес се со лед светилки) НИКАКОВ,  епа у мерџо им текнало а еве и зошто ...

Сигурно знаете и сте срретнале понекој модел автомобил кој има head up display на ветробранското стакло, одлична технологија која и не беше прифатена до толку и поради тоа не беше доволно импленментирана. Од Мерцедес знаат дека секое погледнување на шалт табла или инфо дисплејот е мал ризик колку  ида е безбедно возилото. Затоа се внимава како да останате крајно информиран, а погледот да ви биде "залепен" за патот.


ЛЕД светилките се толку моќни да служат и како проектори, па така и автомобилите со лед фарови можат да прикажуваат базични информацвии кои ќе се проектираат на патот, како на пример знак за опасност дека има репрека, пешак или животно на патот за да може навремено да се закочи. Инфо дисплеј кој се проектира пред вас е навистина извонредна идеја, а дали и колку ќе биде применлива, ќе видиме, засега се очекува прво да се појави во најубавата, најлуксузната, најбезбедната, најкомфорната С класа. ( ако не биде по стар добар обичај како досега, во некој камион. Одма очекувам дека за пар години ќе гледаме "Мис Јагодине" на асфалтот пректирана од некој балкански ТИР фактор на патот

 

Image result for Mercedes-Benz Digital Light

Еве ви линк до сите детали од текстот по тој повод објавен во ЕНГАЏЕТ




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани