Берлускони: Што направија летоска, каде се врвните засилувања, купија 12 играчи и пак ништо
  Објавено на
share

 

 

Веста е преземена од Спорт Клуб но пред да ја прочитате една забелешка до изјавителот Ди Силвио. Старецов направи многу за Милан, но парите ги спичка на млади курви и баханалии. наместо да го одржи клубот во топ форма, ги шиткаше најдобрите играчи на планетава само да се натафира со пари последниве години оти екстензивниот корисник на Вијагра повеќе мислеше со долната глава. Сега, откако други го раководат клубот, фрлени се огромни пари, кои засега не ја подобрија состојбата оти се работи за потполно нов тим. Но, Милан не е ни влакно полош од претходно. Силвио од продажбата сега има толку многу пари што може сите курви што ги плескал три живота да ги издржава со се децата. Може он да си коментира, но смешно е да дојде од него, кој го доведе на најнсико можно дереџе клубот (со должна почит што направи за него по 90-те и почетокот на 2000-та). Да писнеше Барези, Малдини, Костакурта, кои коски оставија во клубот, разбирам.

Сега чалам и џабе дигање прашина, додека се уигрува клубот кој претрпе промени какви немал во историјата, ептен е простачки, дури и од него.
 

А еве што изјавила оваа бледа сенка од фудбалски стручњак кој само за пари и ништо друго го стави на ризик клубот продаваајќи имиња како Десаи, Ибрахимовиќ, Силва, Ел Шарави, кака, шевченко и го осакати и клубот и играчите ...

Берлускони: Што направија летоска, каде се врвните засилувања, купија 12 играчи и пак ништо

 

 

 

Кога Дон Силвио зборува, сите во Милан стојат мирно и слушаат што има да каже. Преку три децении Берлускони беше алфа и омега во Милан и на клубот му ги подари најубавите времиња, пред минатото лето дефинитивно своето милениче да им го препушти на богатите кинески инвеститори за 800 милиони евра.

Доби ветување од кинескиот конзорциум на Јонгонг Ли дека од Милан повторно ќе направи велесила, но Берлускони не е задоволен од резултатите досега.

Берлускони има голем број критики за новите сопственици на Милан, почнувајќи од трансфер политиката, па до тоа кои се тренер и капитен на „Росонерите“.

„Никако не можам да ја сфатам трансфер политиката на Милан ова лето“, вели Берлускони за италијанските медиуми.

Милан летоска потроши преку 220.000.000 евра за да доведе 12 играчи, но тоа не го задоволи некогашниот премиер на Италија.

„Во животов не сум видел некој тим за еден преоден рок да ги промени сите 11 играчи. Чекајте, со толку пари не можеа да доведат топ играчи“, додава тој, но не запира:

„Може ли некој да ми објасни како е возможно Џакомо Бонавентура и Сусо да остануваат на клупата иако се технички најпоткованите играчи во тимот“, прашува Берлускони.

По ова, тој удри директно по тимот.

„Милан му ја даде капитенската лента на Леонардо Бонучи, кој со години наназад беше симбол на Јувентус. Го имате веќе Рикардо Монтоливо, нему лентата му беше наменета, но не ја доби. Исто така се борев со сите сили Кристијан Броки да остане тренер, бев на смртна постела кога ми рекоа дека е доведен Монтела“, вели Берлускони.

Дон Силвио очигледно не е задоволен…




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани