Во Македонија има преку 200 000 хомосексуалци, меѓу нив, политичари, свештени лица, доктори
  Објавено на
share

Невладините организации во  Македонија  почнаа да ги пребројуваат хомосексуалците и, според нивната груба математика, во Македонија има околу 200.000 хомосексуалци, односно една десетина од вкупниот број жители во државава.

Повеќе од 100 политичари се хомосексуалци, над 900 лица вработени во МВР и речиси 850 во АРМ, исто така. Меѓу студентите во Македонија дури 5.056 се изјасниле дека се геј, а 514 хомосексуалци има во бизнис-елитата, 494 од докторската фела, 86 новинари и 11 свештеници и оџи.

Во истражувањето што го имаат направено анкетирајќи 12.000 испитаници се добиени податоци што покажуваат дека 9.540 лица тоа го прават по сопствена волја и без никаков финансиски надоместок, додека 2.460 лица наплатувале за своите услуги од 100 до 6.000 денари. Некои од испитаниците биле принудени на ваков начин да заработуваат за егзистенција затоа што државата не се грижи за нив.

Од вкупниот број анкетирани лица 7.198 се изјасниле како бисексуалци, а другите како геј. Повеќе од 2.500 од испитаниците навеле дека имале до 10 партнери, 3.000 до 30 партнери, а 572 лица рекле дека имале над 50 партнери. Од анкетираните 6.352 биле христијани, 5.316 муслимани и 332 од други религии.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани