КАКО МАДРИД ЗА ПОМАЛКУ ОД 48 ЧАСА ЈА СКРШИ КАТАЛОНСКАТА НЕЗАВИСНОСТ
  Објавено на
share

КАКО МАДРИД ЗА ПОМАЛКУ ОД 48 ЧАСА ЈА СКРШИ КАТАЛОНСКАТА НЕЗАВИСНОСТ

зделано во ОФФНЕТ

Шпанскиот министер за надворешни работи, Алфонсо Дастис, во разговор за АП изјави дека моменталниот раскол меѓу Мадрид и Барселона никако нема да заврши со независна Каталонија, но можно е да се прошири каталонската автономија.

 

Изгледа дека тактиката на Мадрид од ден на ден станува се појасна - изгледа како да се работи за старата тактика на „морков и стап“. Додека каталонскиот претседател Пучдемон и неговата влада нудеа, по завршувањето на референдумот, преговори со Мадрид, овие тоа го одбија иако знаеја дека каталонските сепаратисти многу веројатно ќе се согласат на откажување од прогласување независност кога би им била понудена посилна автономија.

Меѓутоа, Мадрид не сакаше работите да тргнат по тој тек, односно Барселона да ги има главните карти во свои раце. Прво требаше да се скрши влијанието на сепаратистите, а тоа е направено со распуштање на регионалната Влада, смена на шефот на полиција, и распишување на нови регионални избори кои треба да се одржат во декември. Последниот удар секако е вчерашниот масовен протест за шпанско единство кој на улиците на Барселона донесе, според тврдењето на Мадрид, над милион луѓе. Не беше важно ни дали мнозинството од тие луѓе се Каталонци или пак дента дошле со автобуси од цела Шпанија, факт е дека Мадрид покажа дека ја држи ситуацијата под контрола.

Одеднаш темата се промени - повеќе не се пишува за тоа која валута ќе се користи во независна Каталонија, дали таа ќе стане дел од ЕУ и.тн. Наместо тоа се пишува каде би можел Пучдемон да побара азил, во Белгија? Или можеби во Франција?

Како Мадрид успеа да го постигне тоа за помалку од 48 часа? Прво треба да се истакне дека Мадрид не беше сам - поддршката која ја доби од двете страни на Атлантикот дополнително позитивно го зацементира нивниот територијален интегритет. Во одредена рака Мадрид на Барселона и порача: „Каталонијо, ако бегаш, немаш каде да бегаш.“

Дури и да беше во некој случај мислењето на жителите на Каталонија за независна Каталонија хомогено пак ќе имаше огромни проблеми по прогласување на независност. Да се најдеш во простор вон комуникации и интеграции е нешто што која било европска држава, стара или нова, не може долго да го поднесе, односно воопшто.

Пред да тргнат со идејата за отцепување од Шпанија каталонските сепаратисти беа и тоа како свесни за политичката клима во Европа и фактот дека ден по прогласувањето независност Мадрид ќе биде затрупан со пораки од целиот континент на кои ќе пишува: „Ова е ваше внатрешно прашање и во потполност стоиме зад целосна Шпанија.“

Меѓутоа тие не надеваа на нешто кое во вакви ситуации често се нарекува „Словенечко сценарио“. Имено, Словенија, која прва прогласи независност од Југославија, првично исто така немаше поддршка од Европа, меѓутоа со тек на време ја доби. Зошто Европа го промени својот став на почетокот од 90-те во однос на Словенија и зошто сега, евентуално, би го сменила ставот во однос на Каталонија? Барселона знае дека европските изјави за поддршка на шпанското единство се напишани на многу тенка хартија, како и во 90-те во врска со единството на Југославија, а не во камен. Работите во вакви политички ситуации можат релативно брзо да се променат, посебно ако постојат фактори кои ја поттикнуваат оваа промена.

Ако Мадрид, како што некои стравуваа, веднаш во саботата наутро ги запалеше своите тенкови давајќи им наредба „право на Барселона“, тогаш би тргнале по Словенечкото сценарио. Но, иако Мадрид направи две поголеми грешки во врска со оваа криза (полицискиот напад на гласачите за време на референдумот и целосното одбивање дијалог со каталонските власти), овој пат тој делуваше прилично мудро. Ако тие повторно избереа сила тоа ќе и дадеше крила на каталонската независност. Всушност, иако тоа никогаш нема и не можат да го признаат, каталонското сепаратистичко водство дури малку и се надеваше на таквото сценарио бидејќи тогаш ќе можеа да започнат обемна кампања, која би траела, но со време би дошла до срцето на Европејците.

Наместо тоа Мадрид се одлучи на поинаква тактика - Пучдемон едноставно го прогласија за небитен. Не само тоа, туку од Мадрид вчера порача дека тој, ако сака, може слободно да се кандидира на изборите кои ќе се одржат во декември. Секако дека ова е политичка стапица - ако одбие тој станува одметник кој сака да постигне нешто вон законот и Уставот. Ако прифати тогаш истовремено прифаќа дека Мадрид е тој што ги одредува правилата на игра и повторно станува нерелевантен пред Каталонците кои му дадоа шанса.

Факт е дека Пучдемон нема со што да воспостави независност - може да прогласи, не може да воспостави. Од неколку стотини илјади до евентуално милион луѓе кои вчера мавтаа со шпански знамиња на улиците на Барселона може се одличен ПиАр на Мадрид за мобилизација, но тие луѓе не се никаков холограм, тие се таму и тие претставуваат конкретна кочница во какво било заминување на Каталонија. Ова не е и не може да биде Словенечко сценарио, ова не се сцените од улиците на Љубљана во 1990.

Пучдемон порача дека „најдобра одбрана на оствареното е давање демократски отпор на членот 155“. Што тоа значи? Замислите дека сте во независна Каталонија и во вашата глава таа ќе биде таква? Не, тоа едноставно не е доволно и на некој начин веќе е признавање на поразот. Прогласувањето независност, во такви напнати ситуации, е нешто налик класичен пуч, а секој сериозен пучист знае дека работите мора да се одвиваат екстремно брзо за да бидат успешни. Секоја пропуштена минута е подарок за другата страна која нема што да чека. Меѓутоа дури и најамбициозните пучисти научија на своја кожа како понекогаш едноставно има премалку време - на пример турските пучисти кои минатата година, по подолго време ковање подземни завери, одиграа речиси по сите правила, распоредија тенкови на клучните мостови во Истанбул, но не очекуваа дека голораките симпатизери на исламистичкиот претседател Ердоган ќе ги запрат до изгрејсонце.

 

Каталонија, секако, нема тенкови, меѓутоа нивното регионално раководство сеедно не направи ништо амбициозно од прогласувањето независност во петок до денес. Дали викендов одмораа по стресната седмица? Можеби. Да беа поконкретни уште во саботата наутро во јавност ќе излезеа со што било - од список на луѓе кои потенцијално ќе работата на новиот каталонски Устав, до дефинирање на новите институции, монетарна политика, надворешна политика... Наместо тоа сè изгледаше како повод за добра прослава во петокот вечерта, но подалеку од тоа не се одеше. Тоа нас повторно нè враќа до претпоставката дека Пучдемон и неговите всушност не ни имале во план полна независност, бидејќи ако ја имале каде е тој план? Наместо тоа тие сакаа нешто да искомбинираат со идејата дека Мадрид ќе им даде поголеми овластувања ако доволно го преплашат со отцепување.

Наместо тоа добија уште посилен Мадрид и сè заедно тоа неодоливо потсетува на ситуацијата во Ирак само што нема пукање. Претседателот на ирачки Курдистан поднесе оставка и со тоа таа приказна за независност, барем за сега, завршува. Дали сега слично ќе се случи во Каталонија? Можно е. Имено, шпанските обвинители потврдија во петок дека против Пучдемон се крева обвинение за „побуна“, престап кој се казнува со до 30 години затвор. Значи, морковот е за новите каталонски власти кои ќе бидат формирани по изборите на 21 декември, за кога се најавени новите избори во Каталонија, е неслужбената понуда за можеби и „поголема автономија“, а стапот е за Пучдемон кој викендов не го мина прогласувајќи нови институции на независна Каталонија туку размислувајќи за тоа дали да се остане или да се бега од земјата.

Марјановиќ,
Адвенс.хр




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани