Награда од 30 000 кој ќе ја пронајде и врати загубената чанта на главната станица во Берлин
  Објавено на
share

Во Берлин е загубена чанта/ташна на 4 ноември, во близина на суши ресторанот кај главната берлинска станица. Чантата била од италијански бренд, а очјаниот сопственик, некоја си дама, нуди фантастични 30 000 евра за чесниот пронаоѓал кој ќе ја најде и врати. Остај друго, сопственичката спикала преку 20 000 евра да ја закупи целата насловна страна на Билд со порака и награда за чантата. Скоро 50 000 евра? (мора да имала моја слика со автограм)

Што ли имало тогаш толку вредно во ташаната? Можеби уште поголемо богатство или некои документи или нешто десето, засега останува мистерија.

Па ќе следиме и се надеваме дека наскоро очајната госпожа ќе си ја добие чантата назад, ќе го испочасти оној што ја пронашол, а ако и треба дополнителен оглас, за овие пари фарбам пола град, па нека ме контактира на меил, оти лесно може пронаоѓачот да биде некој од оваа околина, вај нот. 

Да не зборам за банер во емисија, реклама и ќе и пејам караоке у живо во Јади Бурек - НАЏИТЕ ЈОЈ ТАШНУ НАЏИТЕЕЕЕЕЕ ЈООООЈ




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани