Ви доцнат хонорарите? Се е во ред! Така треба, иако е до системот на УЈП С-Е Е В-О Р-Е-Д, се разбравме? Некој да писне Не? Така треба!
  Објавено на
share

 

Доцнат хонорарите, пресметките за персонален данок не можат да се достават до УЈП

 

Новиот електронски систем за пресметка и плаќање на данок ја забави исплатата на хонорари. Сметководителите се жалат дека системот не функционира, односно дека не можат да се вклучат на новата електронска платформа, не можат да достават барање за исплата на пари, ниту пак добиваат налог за пресметка на данок.

Некои од даночните обврзници воопшто ги нема во базата на УЈП и треба да се регистрираат.

Граѓаните нервозни, не можат да ги добијат своите пари на сметка поради технички причини.

Од Управата за јавни приходи пак велат новиот електронски систем функционира, но како и секоја новина се јавуваат
одредени проблеми кои што се решаваат во од. Управата има тимови за поддршка на корсниците, а достапен е инфо центарот и се одговара на сите
прашања.

Од 1 јануари годинава почна да се применува електронска даночна пријава, со која што фирмите имаат имаат обврска да поднесуваат електронски пресметки во УЈП. Со овие измени, начинот на исплаќање на хонорари се изедначува со постапката за исплата на личен доход, со таа
разлика, што не се плаќаат придонеси, туку само персоналниот данок.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани