Што после масакрот на 17 ученици во САД?
  Објавено на
share

Во САД се случи крвав масакр кој како и секогаш повлчекува политичка дебата кој е лош, кој е добар и наместо за реално надминување на ваквите перверзии и туѓата несреќа на еден ваков пир кој е за секоја осуда се користат за освојување политчки поени. Стоката која го изврши мора и ќе добие најголема можна казна која и покрај се никогаш нема да биде еквивелатна на делото и трагедијата не само на убиените животи туку и уништените животи на многу семесјтва кои до крај на живот ќе ги чувствуваат последиците од крвавиот пир на овој малоумен лудак.

 Често пати, особено, како што кога ќе се случи масакр во САД, либералите рипаат и бараат строга контрола на оружјето, а републиканците слепо бранат. Оваа политичка борба воопшто не е едноставна и лесно решлива колку и да "веземе" со добри намери затоа што секоја одлука има длабоки импликации и затоа со децении се водат дебати, да беа и едните и другите во право досега ќе беше речено и одлучено. Лесно, но во наплив на страсти, хуманизам и добра воља да си донесете лична одлука, но како што рековме, не е материја за која може лесно да се донесе одлука. 

Сега, кога повторно се развива лева-десна дебата за тоа дали треба поголема котрола на оружјето еден од аргументите е дека поголема контрола, помала достапност - помал ризик да се случи како масовното убиство на 18 ученици. Но...

Во Кина, во 2014, се случи масовно убиство со ножеви, каде беа убиени 33 луѓе, повредени преку 130 и никој не побара забрана за продажба на можеви и промена на уставот на земјата, ни во Кина ни од душегрижниците надвор, за поголема контрола и регулација. Зошто?


Затоа што конечниот резултат е небулозен, ако добро се размисли ... конечно, ножевите, па и оружјето, огнено, не е тоа што убива, убива човекот. Да не беше така сите требаше да станат анти-алкохоличари за време на прохибицијата но не се случи тоа, НАПРОТИВ. 

Каде е излезот? Ах, чујте, кој ќе го најде ќе добие Нобелова за Мир, бидеејќи се работи за комплексено прашање кое длабоко навлегува во индивидуланите слободи

Ние се сведовме на ДА и НЕ, лична омраза спрема политичкиот и идеолошкиот опонент и око не би ни трепнало да го елиминираме на ист начин. На социјалните мрежи нема дебата, само "хејтање", додека минат страстите, се заборави, како сега за помалку од една недела, до следното. Се глуми емпатија а се однесуваме кон моралните, етичките принципи како кон физиолочка потреба, кога ќе се олесниш - забораваш.

Еве еден линк каде се дебатир на таа тема, а треба малку повеќе да се информираме затоа што убеден сум дека овие прашања во иднина ќе станат и кај нас актуелни

https://gun-control.procon.org/

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани