Blade Runner 2049 Номинира за оскар за кинематографија и специјални ефекти
  Објавено на
share

 

Најдобриот филм во 2017 ( и според наше мислење еден од најдобрите во историјата) Blade Runner 2049 на Denis Villeneuve е номиниран за Оскар во две категории - кинематографија и визуелни ефекти. 



Бидеејки овој филм многумина го пропуштија заради лошиот помин на бокс офисот, оти не бил доволно забавен како првиот дел, кој пак исто така лошо помина кога се прикажа и кој беше прифатен декада подоцна, имате извонредна можност повторно даго гледате во кино во Синеплекс во Сити Мол. Знаеме дека имате на располагање торенти но вашите екрани, генерално нема да можат да ви доловат ни дел од визуелната, амбиентална спектакуларност на овој, пред се уметнички филм.

Cineplexx.mk ќе ви овозможи, утре во понеделник 26 февруари, во рамките на ревијата на филмови кои ги емитувале, а се номинирани за Оскар, да се подсетите, надополните пропуштеното или како мене, по 10-ти пат се стопите во оваа филмска визија, несвојствена вакво време.

Roger Deakins најзаслужен за оригиналниот и спектакуларен визуелен пристап и она што овој филм го прави со врвни уметнички дострели. Вилнев по премиерата скромно ќе изјави дека ова е филм на Deakins колку што е и негов со што само му оддава почит на ден врвен уметник каков што денес навистина ретко се сретнува.

Во понеделник во Cinepexx 20 часот ќе има специјална проекција на Blade Runner 2049 можност која ретко ќе може да ви се повтори. Да се разбереме, ова не е акционен филм, и покрај трејлерот, ова е филм кој само се повикува на оригиналот но е сосема поинаков и во ритамот, амбиентот, а пред се визуелно-амбиенталниот пристап.

Најдобро би се објаснил овој филм е на следниов начин. Замислете да Тарковски беше жив и ни беше современик, он да го правеше, ваков ќе беше. .

Ќе ни простите, но кога е Вилнев и Блејд Ранер, ја губиме секоја објкективност. Сакаме само да ве поканаме на едно ново аудио-визуелно доживување 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани