Трамп за трговската војна со Кина - НИЕ ВЕЌЕ ЈА ЗАГУБИВМЕ ВОЈНАТА! ОДБРАНА И ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ
  Објавено на
share

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД веќе ја изгубиле секоја трговска војна, бранејќи го својот предлог за новите оданочувања на кинеската стока. Тој порача дека потегот може да предизвика „мала болка“, но дека долгорочно ќе донесе позитивни ефекти за САД.

„Ние немаме трговска војна, ние веќе ја изгубивме таа војна“, изјави Трамп за радио станицата ВАБЦ. „Јас не велам дека тоа нема малку да боли, но ќе имаме многу посилна земја кога сето ова ќе заврши“, порача тој.

Одлуката на Трамп да започне трговска војна со Кина предизвика негативни реакции и бројни предупредувања на стручњаците, но тие немаа никакво влијание врз одлуката која ја донесе американскиот претседател. Со неа се бара да се воведат дополнителни 100 милијарди долари даноци за кинеските производи. Ваквиот потег следеше откако Кина објави листа на производи од САД во вредност од 50 милијарди долари за кои ќе бидат воведени даноци, вклучувачи ја сојата, автомобилите и хемиските производи.



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани