Представен мега проектот кој ќе се гради на Сајмиште
  Објавено на
share

 

„Скопје Ист Гејт“ претставен пред македонските политичари

 

Албанската групација „Балфин“ пред македонските политичари го претстави проектот „Скопје Ист Гејт“ којшто треба да се гради на местото на Скопскиот саем. Пред македонскиот премиер Зоран Заев и претседателите на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ Али Ахмети и Христијан Мицковски беше презентиран идниот комплекс од трговски центар, деловни зданија и станбени згради. Проектот „Скопје Ист Гејт“ ќе се гради на парцела со површина од 155.000 метри квадратни, вклучувајќи ја и локацијата на која во моментов се наоѓа Скопскиот саем. За рушењето на оваа препознатлива градба од втората половина на минатиот век, не беше кажан ниту еден збор на вчерашната промоција на „Скопје Ист Гејт“.

 

Автор на проектот за овој иден комплекс е турското архитектонско студио Yazgan Design Architecture Inc. „Скопје Ист Гејт“ би вклучил изградба на трговски центар со нето површина од 51.000 метри квадратни и пет деловни објекти со канцелариски простор од 67.000 метри квадратни. Зградите за домување ќе се состојат од 1.600 станбени единици, додека во рамки на самиот комплекс е предвидено да се изгради паркинг со капацитет од над 2.000 возила. Овој мултифункционален комплекс би имал свои зелени површини од 25.000 метри квадратни. Целокупната инвестиција од 350 милиони евра би се реализирала во период од пет до седум години.

 

Проектот „Скопје Ист Гејт“ за прв пат беше промовиран пред македонската јавност во есента 2017 година. Она што со сигурност се знае за овој комплекс е дека неговата изградба ќе значи рушење на Скопскиот саем, со што македонската метропола ќе остане без достојно место за одржување на саемски манифестации. Пред два месеци, група на македонски архитекти и интелектуалци ја формираа иницијативата „И Саем е Скопје“, со која што бараат од идниот инвеститор да го спречи рушењето на постојните објекти од Скопскиот саем и да ги интегрира просторно и функционално овие зданија во идниот повеќенаменски комплекс.

 

»Форумска дискусија за овој проект

 


 

Еве ги квадратурите на поголемите центри кај нас и во соседството

West Gate (Загреб)
- 227.000 m2 GBA
- 100.000 m2 GLA
- планирано големо проширување на долгорочни стази


Istinye Park (Истанбул - европски дел)
- 242.000 m2 GBA
- 85.250 m2 GLA


AFI Palace Cotroceni (Букурешт)
- 214.000 m2 GBA
- 76.000 m2 GLA


Sun Plaza (Букурешт)
- 208.000 m2 GBA
- 76.000 m2 GLA


The Mall (Софија)
- 66.000 m2 GLA


Iulius Mall (Темишвар)
- 177.600 m2 GBA
- 64.200 m2 GLA


Arena Centar (Загреб)
- 175.000 m2 GBA
- 62.000 m2 GLA


Grand Mall (Варна)
- 150.000 m2 GBA
- 50.000 m2 GLA


City Mall (Скопје)
- 90.000 m2 GBA
- 39.000 m2 GLA


East Gate (Тирана)
- 38.951 m2 GLA




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани