Захарова - Русија се отвори кон западот но е измамена
  Објавено на
share

 

Од крајот на Студената војна, Русија целосно е отворена кон западните земји, но тие нè измамија, вели Марија Захарова.

 
 

„Ние целосно се отворивме кон Западот, но не затоа што сме биле поразени. Го направивме тоа сами, никој не нè принуди“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, во интервју за финскиот весник Хуфвудстадсбладет, пренесе ТАСС.

Според неа, поранешниот советски лидер Михаил Горбачов, архитектот на „перестројката“, сакал „да им стави крај на трката во вооружување и на Студената војна“, поради што Русија се отворила кон Западот.

„Но бевме измамени. Вие одговоривте така што од нас се оградивте со боцкава жица“, рече таа, истакнувајќи дека сè што Русија барала од Европа било соработка - економска, трговска и културна.

Таа додаде дека Русите сакале слободно да патуваат во други земји и да се ослободат од барањето визи, но таа идеја секогаш била одбивана.

„Сега на сите им покажуваме, 'Немојте ни да помислите повторно да нè напаѓате'. Откако изгубивме 20 милиони луѓе во Втората светска војна, имаме право на сите да им го покажуваме тоа за да не се случи повторно. Последниве дваесет години се обидуваат да нè опкружат од сите страни“, рече Захарова.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани