Шилегов - ќе се плаќа за паркирање на мотори
  Објавено на
share

Шилегов најави воведување наплата за паркирање на моторите 

 
Шилегов: Ќе се наплаќа паркинг за мотори

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов денес изјави дека ќе воведе нова давачка, а таа е плаќање на паркинг за мотори. Висината на цената на паркингот не ја соопшти, но најави дека тоа ќе биде многу брзо.

Советникот на ВМРО – ДПМНЕ, Лука Кржаловски го запраша дали е точно дека ќе се воведе нова давачка, односно дали граѓаните, пред се младите, ќе мора да плаќаат за паркинг на мотори, што е давачка која до сега не постоеше. На ова Шилегов одговори дека вакво нешто многу брзо ќе биде воведено во главниот град.

Инаку ова не е единствената нова давачка, слично нешто се случи и со воведување на А1 зоната за паркирање, каде паркинг билетот е 100 денари од час.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани