Ова е Стив Бенон, лекот за Џорџ Сорос и сите негови фондации, медиуми, професионални протестанти и НВО-џабелебари
  Објавено на
share

 

Ова е Стив Бенон, лекот за Џорџ Сорос и сите негови фондации, медиуми, професионални протестанти и НВО-џабелебари

 
Со децении наназад, пара-политичките структури на западната левица немаа достоен конкурент од спротивниот табор. Џорџ Сорос со своето „Отворено Општество“ од западната левица создаде таков мејнстрим, што сите кои ќе се осудат да влезат во отворен судир со нив, се прогласени за белосветско зло кое треба да го снема од општествениот и јавниот живот.

Машинеријата која притоа ја создаде Сорос, делуваше и делува на повеќе фронтови. „Отворено Општество“ има свои студенти стипендисти во десетици земји, невладин сектор кој брои милиони претежно млади активисти, како и медиуми кое не би постоеле без финансиските средства на „Отворено Општество“. Сите тие денес се обединети и глобално координирани во своите активности, особено кога треба да се срушат десно ориентирани влади, или да се попречи донесување на некој закон кој е спротивен на нивниот поглед на светот. Прво на улиците се појавува НВО пешадијата со духовити пароли кои ги сочинуваат млади луѓе, додека постарите членови на истите НВО најчесто се претставени како „експерти“ чие знаење е наводно порелевантно од легитино избраната Влада. Ним поддршка им даваат големите медиуми каде Џорџ Сорос или има сопственички удели, или се тоа медиуми чии уредници и новинари се поранешни стипендисти на Сорос, или се во сопственсот на донаторите на Сорос. Сите тие, заедно со левите партии, создаваат слика на „онеправдана маса“ која има право на се, па дури и на насилство и предизвикување политички кризи.

На тој начин негативната слика за десничарските влади, па и за десницата генерално, е глобално раширена, поткрепена со наводни „експертизи“… уличните протести на соросовите НВО-а се прикажани како „незадоволство на јавноста“ додека медиумите тоа го повторуваат безброј пати додека јавноста не се помири со таквата нивна „реалност“.

За „Отворено Општество“ сите различни мислења се: фашизам, ксенофобија, сексизам, исламофобија, популизам, расизам и сл.

Неможејки да одговорат на сите овие отворени фронтови, десничарските партии и влади се најчесто во дефанзива. Типичен пример е британската премиерка Тереза Меј, која доаѓа од десна политичка партија, но владее со идеа за „балансирање“ меѓу Брексит, кој е легитимна одлука на британските гласачи, и како што вели таа „политичката реалност“ која ја сочиниваат соросовите јатаци во институциите на Брисел и Лондон.

Сите други кои отворено пружаат отпор на активностите на „Отворено Општество“ се прогласени за зло кое треба да го снема. Виктор Орбан кој го протера „Отворено Општество“ од Унгарија, чии НВО активизам делуваше како политичка опозиција, а не како граѓански сектор, е токму такво зло, опишан со сите негативни етикети кои ги лепи соросовата машинерија(фашисти, сексисти, исламофоби, итн). Додека во исто време, еден тежок психопат од типот на Џереми Корбин, лидерот на опозицијата во Британија, кој отворено заговара уништување на НАТО, кој е апсен за тероризам и ги поддржува Хамас и Хезболах на Блискиот Исток, човек кој заговара демилитаризација на Британија поготово нуклеарна…е сосема ок за Сорос и неговата болумента во Брисел и Вашингтон.

Радикалниот исламист Садик Кан, беше протуркан од Корбин како „Прв Градоначалник Муслиман“ на Лондон, со изборен слоган дека сите кои нема да гласаат за Кан се всушност …исламофоби, фашисти итн. Не поминаа ни неколку месеци, Доналд Трамп сеуште не беше ниту претседателски кандидат, Садик Кан си го покажа своето право лице, упатувајки отворени закани по безбедноста на САД и Британија доколку Трамп биде избран…и сето тоа помина ок. Денес Лондон е претворен во „Лондонистан“ каде криминалот е во рапиден пораст, на штета на домицилното христијанско население, додека извршители во 100% од случаите се имигранти од исламска вероисповест. Ваквата корелација меѓу жртвите и напаѓачите е тотално забранета во денешен Лондон, за што јасно говори и примерот на Томи Робинсон, кој јавно проговори за овој проблем. Томи Робинсон е затворен поради јавно кажан збор и организирани протести на кои ТОЈ беше физички нападнат, одкако претходно беше стандардно етикетиран (расист, фашист, исламофоб, итн, итн).

Актерите од култната серија Монти Пајтон, пред неколку години најавија дека сакаат да снимат филм каде се исмева Исламот како религија, одкако претходно направија ист филм (Житието на Брајан) во кој се исмеваше христијанската религија. Поради ова идеа, Монти Пајтон беа буквално растргнати од интелектуалците, НВО хулиганите, политичарите и медиумите на Сорос, но се огласија и локалните исламски радикали кои им се заканија по живот…што не беше осудено од никого. Монти Пајтон беа јавно погребани како идеа, повторно со стандардните обвинувања (расисти, фашисти, исламофоби, итн, итн).

Поготово големо зло, кое нормално треба да го снема oд општествениот и јавниот живот, е сегашниот Американски претседател Доналд Трамп. Трамп НИКОГАШ и НИКАДЕ нема заговарано супермација на белата раса, во неговиот мандат невработеноста на афро-американците е најниска во целата историја на САД, а човекот е прогласен за расист поради неговите амбиции да ја сопре нелегалната имиграција кон САД, односно да ги протера оние кои го кршат законот со своето нелегално присуство во САД. Беа пуштани снимки од негови приватни разговори, каде Трамп ги опишува интимните моменти со проститутка, и тоа беше прикажано како сексизам, односно непочитување на жените. Тоа што Клинтонови уништија животи на десетици жени, нивните пријателства со Роберт Бирд водачот на ККК, нивните скандали дури беа присутни во Белата Куќа, тоа што мистериозно умреа неколку сведоци кои требаше да сведочат за нивното перење на пари преку „Фондација Клинтон“… се теми на кои не зборува речиси никој. Против Трамп се појавија еден куп луѓе кои повикуваа на негово убиство, и тоа не е никаков проблем, тоа НЕ е говор на омраза, тоа НЕ е фашизам. Врв на Соросовата машинерија беше психијатриското вештачење врз претседателот Трамп, со кое као требало да се провери неговото ментално здравје.

Да не ги бројам понатаму штетите, лагите, конструкциите и жртвите на Соросовата машинерија, бидејки навистина ги има многу…од Герт Вилдерс во Холандија, па се до ВМРО ДПМНЕ во Македонија. Сите се етикетирани и прогонувани одприлика на ист начин.

СТИВ БЕНОН Е СЕ ОБРАТНО ОД ОНА ШТО ГО ПРАВИ, ЗБОРИ И ПРОМОВИРА СОРОС

Бенон доаѓа од медиумите, тој е поранешен радио-водител, и еден од основачите на Braitbard.com најсилниот против удар на соросовата машинерија на територија на САД. Braitbard.com е кошмар за мејнстрим медиумите, бидејки им ги открива лажните вести, тој е трн во окото на меѓународната левица, и во неможност да го демантираат, брајтбард е етикетиран повеќе од било кој десничар во политиката или медиумите. Стив Бенон беше ангажиран како дел од тимот на Трамп, но набрзо беше сменет во не до крај разјаснети околности.

За разлика од Сорос кој пормовира мулти-културализам, Бенон смета дека сите култури НЕ се подеднакво ниту важни, ниту вредни. Култура врз која почива денешната цивилизација е јудео-христијанската, реформирана онаква каква што ја познаваме денес, уставите и нормите во сите развиени земји почиваат врз таквите вредности. Комбинирање на христијанската култура, со оние нехристијанските, според Бенон е цивлизаициски регрес. Во прилог на Бенон оди судбината на Либан, кој се додека беше доминантно христијанска земја (до 1970-тите) беше најбогата и најпросперитетна земја на Блискиот Исток, и тоа без воопшто да поседуваат нафта или други природни ресурси. Денес Либан е арапска провинција како и неговото опкружување. Според Бенон, процесот на либанизација на Европа и САД е во полн ек, и тој мора да сопре. Наместо мулти-културализам, Бенон ја заговара старата и добра НАТУРАЛИЗАЦИЈА, односно асимилација на имигрантите и нивно прифаќање на вредностите и културата кои стојат во коренот на земјите каде дошле.

„Како изгледаат мулти-културните средини?“ прашува Бенон. „Мулти-културни се оние средини во Европа и САД, каде има што помалку домицилни христијани, каде има што повеќе други раси и религии. Тоа е отворено заговарање на геноцид кое мора да сопре“ вели Бенон…и притоа потсетува дека мулти-културализмот е неприменлив во Техеран, Јемен, Судан, Сауд.Арабија. Тој се применува само во Европа и САД, само таму можете да бидете мулти-културни. Дали можете да организирате геј парада во Техеран, Судан, во Исамабад или во Ријад? Како живеат религиозните, сексуалните, и културните малцинства во Мека, во Џеза, во Карачи, во Адис Абеба? Тоа се непристојни прашања според машинеријата на Сорос, финасирана воглавно од саудијските петро-шеици.

Таквите прашања НИКОЈ јавно не се осудува да ги постави…освен Бенон, кој бара јасен и прецизен одговор на нив. И не само тоа, Бенон јасно го потенцира проблемот на „небезбедните зони“ низ Европа. Тоа се зони кои се повеќе се шират и множат. Во таквите зони најчесто владее Шеријатското Право, луѓето се прогонувани и напаѓани доколку конзумираат алкохол, или доколку се “непрописно облечени“. „Шеријатските Полиции“ кои постојат во Источен Лондон, делови на Минхен, Рикерби во Шведска, како и во се повеќе градови во Франција, Белгија, Холандија…се проблем за кој јавно зборува единствено Бенон и неговиот Брајтбард. Според Бенон, ваквите деструктивни групи и поединци, или ќе се асимилираат прифаќајки ги цивилзациските вредности на средината, или треба да заминат назад во цивлизацијата која ја промовираат. Третата опција, како што е веќе кажано, е либанизација на целиот денешен цивлизиран свет. Потенцирањето на ваквите проблеми, кои реално постојат, неможе да се нарече расизам.

НЕЗАВИСНОСТ И СУВЕРЕНОСТ ЗА СИТЕ ДРЖАВИ

Наспроти машинеријата на Сорос, која ЕУ ја сваќа како сојуз во кој членките губат дел од својата самостојност, според Бенон, овој сојуз треба да биде трговски, економски, без заеднички институции и пари, и тоа со право на секоја земја членка да го напушти, без многу преговори и договори со останатите членки. Сорос заговара мешање на Брисел во работите на секоја независна држава, и отворено фаворизирање на одделни партии или коалиции кои и одговараат на ЕУ, Бенон е против мешањето во внатрешните работи на било која земја. За Бенон гласачите се тие кои го одбираат економкиот модел на државата, нејзиното членување или напуштање на сојузите.

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ ПОСТОЕЛЕ ОДСЕКОГАШ

Стипендистите на Сорос се најгласни на оваа тема, според нив, човекот е фактор кој ја менува климата, и тоа може да резултира со негово самоуништување. Ваквите теории донесоа многу меѓународни конвенции и резолуции, додека нивни главни промотори и академски репрезентативци беа и се академците на Сорос. Стив Бенон повеќе се држи до идеата на Дејвид Белами, најголемиот автор на природо-научни ТВ емисии, кој не верува во човековото потекло на климатските промени. Поради ова свое верување, соросидите го исклучија Белами од сите медиуми. Нормално, тие се денес мнозинство, Белами е малцинство…сооднос кој сигурно е се промени со доаѓањето на Стив Бенон и неговата мрежа. Истото мислење го дели и Доналд Трамп, кој ја напушти Конференцијата за Климатските Пормени во Париз.

На кратко, мрежата од невладини организции, фондации, студентски организации, и се надевам медиуми, која има намера да ја создаде Стив Бенон, ќе уништи многу глобални лаги, ќе закопа многу академси титули и политички кариери кои почиваат врз таквите лаги, ќе уништи многу медиуми кои ги пренесувале таквите лаги, ќе отвори многу теми кои Сорос ги држи затворени, и конечно, ќе растерети многу земји од јаремот на „Пост-Демократијата“ врз која се повеќе се потпира ЕУ. Едноставно, човек како Бенон мораше да се појави. Неговата прва канцеларија е деновиве отворена во Белгија, и јас лично му посакувам успех… што побрзо тоа подобро.

Виктор Трифуновски




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани