Шестмина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ преговараат за уставни измени?
  Објавено на
share

 Шестмина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ преговараат за уставни измени? 

 

Шестмина пратеници од ВМРО ДПМНЕ преговараат за можноста да го дадат својот глас за уставни измени, пренесува Телма. Детали не се откриваат, а информацијата практично ја потврдија и од владејачкото мнозинство, велејќи дека се во постојана комуникација со колегите од противничкиот табор. Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зеќири вели дека разговараат со сите пратеници, освен со екс-лидерот на опозицијата, Никола Груевски.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не потврдуваат дали има средби со пратениците, но ниту негираат. Велат дека, и ако има, средбите се на ниво на пратеници, но не и на лидерско ниво.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани