Се бараат фармацевти - плата 1200 евра - во Славонија
  Објавено на
share

 Фармацевти (аптекари), се бараат во Славонија, но иако се нуди почетна плата од речиси 1.500. евра, никој не сака да работи во Осијек. Магистри по фармација во Славонија и Барања нема ниту за лек, па мораат да ги бараат во сосседна Босна и Херцеговина,  а за работа се распрашуваат и Бугари и Македонци, пишува Глас Славоније.

„Немаме доволно домашни стручњаци од тој профил, па за работа кај нас ссе распрашуваат Бугари и Македонци. Најмалку десетина магистри по фармација моментално се бараат на подрачјето на градот Осијек и Осијечко-барањската жупанија. На пример, една аптека во последниот конкурс бараше пет аптекари. Кај приватниците иста ситуација“, вели еден сопственик на аптека, која бара магистри по фармација за работа во Осијек и Винковци, пишува порталот.

Тој додава дека постојано бараат фармацевти и имаат распишано огласи, но знаат дека таков кадар тешко се наоѓа и покрај тоа што платата која ја нудат е значително повисока од просекот во цела Хрватска.

Просечната плата во овој сектор, според порталот „Мој Посао“ е околу 1.100 евра.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани