Фрчко пуца на сите и на сФе од сите оружја, навреди, инсулти, вреџања, понижења и остало левел 9000
  Објавено на
share

Lord of the insult level 9000  

Тивко тече Теткиниот Дон

(менструации, бело прање и остало н.з.)

 
Во средиште на вртлогот кој го направи во јавноста можното решение на идентитетскиот спор околу името со Грција (и претходно договорот со Бугарија) се дефинира, така речи просеа како низ сито една полу-интелектууална, приучена правна професорско-теткинска група која „раководеше“ со објаснувачките стратегии на отпорот и спасувањето на фиромското македонство, наспроти „мрачните сили“ на заговорот против Македонија-вечна (конспирации затскриени во одредбите на Договорот со Грција).

Групата ја опслужуваше едно испиено-попче професорче од т.н. „левица“ кое одговара на психолошкиот профил на „злоставувано клисарче“, типично за кафкијанските ликови на перверти опседнати со наоѓање задоволство-во-правото. Една Лакановска конструкција на пронаоѓање уживање (jouissance) во репресивните, ограничувачки и поделувачки функции на правото и насочување на либидалната економија на субјектот кон компензација и плесир во подредувањето на нејасната, неспознатлива сила и означувачка функција на правото како симболен поредок.

Методолошка позиција на групата е злоупотреба на статусот „професори по право за ширење на правни измами и пакување на нацоналистичките, десничарски идеолошки шеми во научен говор со правна аргументација“. Ако случајно се најдат во тесно во полемика, за излез се користат со аргументум ад хоминем или јас сум професорка, немојте вие мене или со флоскулата Венецијанската Комисија и Флорентинската ергела… кажала ова или она. Марш бре, измамници!

Но нејсе, да не останеме на поетски квалификации ќе се позанимаваме детално со еден текст на таква една стручна-тетка објавуван во продолженија (со намера  да сугерира дека ќе биде темелен и посветен) како Тивкиот Дон ни се заканува дека ќе не дави!

Во текст насловен „За Преспанскиот Договор и пошироко“, со насловот- вреќа сугерира (што потоа со увид се докажува точно) дека ќе плеска за се и сешто само не за правната анализа на Договорот – не упатува на енциклопедиска сеопфатност, а со сликата пропратна со текстот, во роденовска поза на философска замисленост на авторот (во овој случај над судбината на својот народ).

Првата теза на текстот е дека Преспанскиот договор е „асиметричен“ и тоа за авторката бил проблем и аргумент за неговата веројатно наметнатост и противуставност?? Таа не објаснува дали видела некој друг договор во регионот макар, да го аргументира проблемот со асиметријата???  Договорите решаваат проблеми меѓу страните и се соодветни на проблемот. Договорот за Косово е трагично „асиметричен“ од овој аспект бидејќи се предвидува како обврска за Косоварите и малку за Србија….. Охридскиот исто се за власта малку за Албанците…… Што воопшто значи критиката асиметричен, само авторката знае и Бог веројатно??? Но, во меѓународното договорно право не постои коментар за асиметричност на обврски. Авторката се збунила (бидејќи сама не знае, а не сакала да праша стручно лице) не разликувајќи асиметричност во позиција на преговарачките страни (што е проблем за преговарањето) при преговорите од асиметричност на договорените обврски во договорот што е контекстена ситуација на решавање на проблем (симетрија не постои како правило за тоа).

Потоа авторката-тетка нешто збори за тоа дека во договорот (со големи букви го пишува што е стилска грешка секогаш и секаде, освен во приватните белешки на говорниците) не била наведена суштината на спорот за името, а било нотирано како „разликата за името“? Што сакала со ова да каже никој не знае? Па токму таква е формулацијата на спорот во сите наведени Резолуции на ООН, „разликата околу името“ никаде директно името. Што е проблемот и што е правна критика тука, жено Божја?

Потоа кунфузиранава тетка се бави со случајот на кршење на Повелбата на ООН со приемот на Македонија за членка во 1993? Што е сега ова и зошто? Се сугерира дека се е неправда, дека не требало да дојде до Договоров ако не примеле како сите нормални земји и сл. Низ од скриени сугестии кои читателите треба да ги откриваат но кои немаат никаква правна врска со анализа на одредбите од Договорот. Точно, тоа е прекршување на Повелбата, се предава во учебниците како такво (МЈП на Правен) но каква правда се сугерира и какво плачипичење е ова и што воопшто сака да постигне освен нарикање над тешката судбина на Македонецот и Македонија. Постои ситуација која ние како суверена земја (и покрај неправдата и кршење на одредбите на Повелбата) ја прифативме и одлучивме да преговараме согласно контекстот кој го одреди ООН – и тоа го правевме 20-тина години или сл. Што сега, нарикање по 20-тина години и каква врска има тоа со правна анализа на Преспанскиот договор?

 

Потоа доаѓа централната идеолошка тема, која нормално е полна поезија и во основа погрешна. Како се создава нацијата и кој е нејзиниот суверенитет и како го одредува својот јазик и име. Авторката вели дека „името на една држава го создава нејзиниот народ… и тој не може да ја вика Република Македонија никако освен Република Македонија (???)  и тоа име е нешто што сме го носеле со векови (а неговата држава го носи повеќе од 50 години)“ (во белким индиректна аргументација и сугестија на недоследност од наша страна, не цитира што сме рекле некогаш јас иСтево Црвенковски за спорот. Не е сосема јасно зошто и како ова го поврзува со горните дефиниции на нацијата и нејзиното име). Но, зошто авторкава нема благ поим за што зборува или прави свесна измама! Имено, нациите се конструкција на 19 век и модерноста врз етничкиот и културен матерјал на историјата на територијата, тоа е факт за кој немам време да и наведувам референци. Никакви векови и никакви народи со векови, жено Божја! Замислете, ние сме го носеле тоа име Република Македонија со векови, а формално 50 години! Па ние сме се викале и Социјалистичка, Народна, Федеративна и сл, а во историја држава или автономија со име Македонија со денешен состав на „Македонци и нивна држава“ не постоела (освен ако не реферира на античка македонска држава или на Самоиловата држава која ние ја нарекуваме ретроактивно „македонска“). Голема Македонија од картите на нејзината дружина не постоела и не била распарчена, за да ја бараме назад во тие етнички граници. Била распарчена територија на европска Турција на која живеело словенско население кое се нарекувало и Македонци во околу 51 %. Повторно на една Лакановска конструкција е жртва женава и не само таа! Во неа се вели дека во ретрофлексните фантазии на нацијата, таа создава нулта точка на замислено единство на нацијата во некој момент во историјата (замислено кое никогаш не постоело) и кое е изгубено поради различни консидерации. Нацијата жали за него, во жал е постојано и создава идеологија на „со векови и….. во душа на нацијата е повторното единство“…. или делете ја, парчете ја, пак ќе биде наша најмила и сл. Тоа што таква творба никогаш не постоела, не е проблем за нацијата и женава да не ја жали и нарика над нејзиниот замислен суверенитет (со векови сме го носеле името на државата и во душа го носиме и понатака).

Од друга страна, суверена нација, реализирајќи ја токму својата сувереност на терен на меѓународното право може да договори (диспозитивно право) се во врска со својата позиција и име. Може да договори да се приклучи кон сојуз од држави, да го смени својот политички систем, да промени граници, да се припои кон друга држава (Порторико). Израз на целосен субјективитет во меѓународното право е способноста да склучува договори и носи обврски произлезени од нив, што во нашиов случај со Преспанскиот договор е сторено. За се се предвидени уставни процедури и стандарди во меѓународното право. Дали тоа државата ќе го прави, дали за неа е тоа добро – суверено одлучуваат избраните институции на самата држава во предвидена процедура. Што тука не е јасно, тетко? Каков Јус Когенс се споменува кога не и е јасно што тој значи (цитирам: Збогум Јус Когенс, збогум Уставот“, која патетика бре!)? Јус когенс или меѓународното задолжитело право, во овој дел кој се однесува на нас во случајов, ја обезбедува суверената волја на државата да биде искажана низ договор на овластени органи на државите. Тоа е претпоставка за реализација на сувереноста, а не репресија врз неа? Зошто државата би морала Вас да ве слуша (кој легитимитет тоа Вие го имате, белким како израз на суштествениот суверенитет кој „со векови во душа го носите“ за тоа каков договор да направи, а не, да речеме, избраните органи на државата кои имаат уставни овластување токму таа работа да ја вршат?? Кој Јус Когенс и кој Устав е тоа?

Авторката во продолжение не развеселува со кратката рибина меморија дека со договорот се третирал и идентитетот, јазикот и сл, а не само името. Тоа, меѓутоа отсекогаш било така (прв го отвори експлицитно, во целост ова прашање Груевски на почетокот на својот мандат) но сетики тие прашања се третираат во скоро сите предлози на Нимиц и ќе се отвореа бидејќи се битни и за нас. Во Преспанскиот договор се задоволително решени на наша линија. Ламентирањето дека за идентитет не се преговара, никој не може да ни октроира јазик и слично – се теткини празни поезии бидејќи: на јазикот се реферира како словенски како е посочен во соодветната литература на ООН (а не се октроира допрва од тој момент од Грција кон нас), а за поимот „Македонски“ во член 7 на Договорот е постигната маестрална дипломатска солуција да се подели во различни значења и слободна употреба за нас и Грците. Авторрката не се замара со тие детали и правни решенија туку плеска по „фронту генерално“ што не се преговарало, што се преговарало. Конечно Договорот „октроирал“ уставни измени. Не бре, сестро, туку ние суверено изразувајќи ја волјата преговарајќи – сме прифатиле такви. И ние самите ги реализираме. Ако не го спроведеме договорот – тој ќе пропадне. Никој ни не надзира, ни не сили на тоа! Дали е тоа јасно? Од каде авторката заклучила дека некој има надзор (белким и казна од Фуко) над нашето спроведување на договорот. Израз на сувереноста е опинио јурис – да се спроведува договореното со свест дека се создава право, а пакта-сунт- серванта е принцип на задолжителност-договорот се спроведува така како е потпишан и во добра вера од самата страна договорничка.

Потоа тетката се чуди зошто пресудата на Хашкиот суд не е спомената во договорот? И дека Преспанскиот договор не водел сметка за член 1 од Интерим Акордот од 1995, за нас како суверена и независна држава со јасен територијален интегритет (демек го загрозувал него). Дополнително го „дерогирал правниот субјективитет и еднаквоста на странките“?!  Не можете да се изначудите за оваа каша во главата какви се „критички“ опсервации и врски, шмелцувања и искричења можат да се постават и напишат, а се покривате со терминот во насловот „и пошироко“, па до кај ќе стигне, стигне! Дробите се по ред што ви паѓа на памет и правите вреќа со теми кои немаат врска со содржината и критиката на Преспанските одредби. Како на пример во тој договор не се води  сметка за територијалниот интегритет на државата? Никој нема појма. Зошто Договорот го дерогира правниот субјективитет наш, кога напротив, тој е во полна сила искажан токму со преговарањето и постигнатиот договор и со поддршка на дефакто цел современ свет на истиот, исто сите се чудат!

Запрепастува, драги мои, фактот што ниту една единствена теза искажана од авторкава во текстот не е точна, ниту пристојно реферирана. А женава е универзитетски професор?! Таа плетела, хеклала домобрански чорап и ќе видиме до каде ќе стаса, дали ќе биде доколенка или ќе оди до бутина (белите бутове, што би рекол Кљусев). За „жертерот“ на тој и таков домољубен чорап, ликот на „злоставуваното клисарче“ ќе зборуваме во продолжение. Значи и овој текст е за во п р о д о л ж е н и е (тан-та-тан)!

Љубомир Д. Фрчкоски




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани