Цврстите батерии би можеле да бидат точката на голем пресврт во автомобилската индустрија
За разлика од актуелните литум- јонски батерии кои користат ќелии со течен електролит, или, пак, во форма на гел, цврстите батерии располагаат, всушност како што и самото нивно име кажува, цврст спроводлив материјал кој, помеѓу другото, им гарантира значително побрзо полнење и подолга автономија.
Покрај тоа им обезбедува и поголема енергетска густина и исто толку значајно пониска цена на изработка.
Многу производители се впуштиле во развој на оваа технологија, но стар ап компанијата Qing Tao Energy Development Co од Куншан, Кина e прва што стартува со сериско производство на истите.
Нан Цевен (Nan Cewen), првиот човек на компанијата , на новинарите во Кина им кажал дека во погоните вложил една милијарда кинески јуани и дека производната линија има капацитет од 100 MWh годишно.
До 2020 година планира да го зголеми годишното за дѕри седум пати на 700 MWh.
Во моментот производството е ориентирано кон софистицирани електрични производи и скапоцени гаџети, но раководството на компанијата, е наводно во преговори со бројни производители на автомобили.
Кинеската компанија тврди дека успеала да постигне енергетска густина на батеријата од 400 Wh по еден килограм , што е значително повеќе од капацитетот на актуелните генерации на литиум – јонските батерии во овој момент кој „држат“ од 250 дo 300 Wh пo килограм.
За жал сегашното производство од 100 mWh на годишно рамниште е доволно за производство на само 2.500 електрични автомобили со капацитет на батериите од 40 kWh, но Кинезите го направија првиот чекот и тоа во вистинска насока, па веруваме дека солуцијата на последниот проблем е на дофат на „раката“.