НОВА АТЛАНТИС СЕНЗАЦИЈА и мојот болен лискурлук
  Објавено на
share

Добро де,и јас малку пресензационалистички, настапив, ама навистина имам мерак да ги пишувам овие редови. Да витаминка ми се дел од мојот маркетинг но со ништо никогаш не ме условиле, па така овој текс т е чист ПР ама напишан искрено од срце и не е никаква нарачка.

Напротив!

Витаминка си работат вредно и на пазарот се постојано  и секаде присутни, димензија која некако не знаеме да ја цениме а бара многу логистика. Колку пати ви се случило да се навлечете на некој производ да го купувате редовно па да го снема? За мене тоа ми е распад на личниот систем, но со дечкиве не така, никогаш и не било. 
Навикнав одмана дека македонските производи се со просечен квалитет и ниска цена и никогаш не очекуавав многу ни од нив. Како просечен македоснки ликсур, секогаш туѓото ми беше пофенси. Пред многаја лета лискурлукот мој насушен намириса оригинални белгиски чоколадни морски плодови. За мене тоа беше врв и се друго бедна и лоша копија. Малку по малку шминкерот во мене се помири и во времето на мојот шеќерлемски период конечно сватив дека и покрај огромната разлика во цена меѓу оригиналните белгиски и нашата Атлантис, па и нема голема разлика.

Јас одмна се скрав со шеќерот, свесно прстанав да го конзумирам, но тоа не значи дека сум врзан во ланци, а мојата генетска дисторзија медицински наречена 'лускурликус" не ми дозволува кога ќе налетам на "нешчо особено" а да не го пробам.

И по обичај не сум само логореичен туку фонтомултиреичен и се распишав ту мач. Знате рекалама е ок, ама додека не го видиш во живо прозиводот - не знам, јас сум таков, подложен на влијанија на добро спакувана амбалажа. Така и ги приметив овие , за мене нови бидеејќи абер неамам кога почнале да се продаваат, и секако поради мојата психо днк условеност ги земва овие Макијато вкус. И што да ви кажам - ЛЕПОТА. Пакување со топ дизјан и изработка, кремасто, со суптилен вкус на макијато, ништо пренагласено па дури и количината на шеќер е ок.

Честитки за успехот а особено за цената- и натаму по иста ниска цена за разлика од конкуренцијата. Она што најмногу ме радува од се, е што НАШ македонски бренд успева, дизајнерски и естетски. Заслужува афирмација многу поголема особено кај нас затоа што фамата околу некои странски и балкански брендови е толку нереална и извикана и воопшто не соодвествува со новото време. Така и Витаминака, не е повеќе фирма "дај шта даш", се купува оти е евтино, конечно, се купува оти навистина е квалитетно. 

Нивниот успех значи поголеми инвестиции, поголма заработувачка, повеќе вработени, подобро за сите нас. Затоа ќе се радувам на секој наш добар и заслужен успех. 

КУПУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани