МИГОТ НА ВИСТИНАТА
  Објавено на
share

 МИГОТ НА ВИСТИНАТА

 

https://www.facebook.com/kruvel/posts/10209398957143581

Нема поголемо злосторство од сузбивањето или криењето на вистината. Тоа злосторство е темелот на сите натамошни злосторства, вклучително и најстрашните. Има лаги, има и паралага, мајка на сите лаги. Во едно општество нема поголеми злосторници од политичарите и новинарите кои ја сузбиваат вистината. Или ја извртуваат, или манипулираат со неа, или половично ја кажуваат, или едноставно не ја кажуваат. Новинарите ги спомнувам бидејќи нивната единствена работа е да ја кажуваат вистината, заснована врз факти. Општество засновано на невистина е осудено на пропаст, беспоговорно и безодложно.

Деновиве, за збор на годината 2016-та (Oxword Dictionary Word of the Year) е избран зборот post-truth (пост-вистина или по вистината) со референца во однос на политиката, во смисла на пост-фактичка политика, заснована главно на пропаганда. Зборот прв го употреби блогерот Дејвид Робертс во 2010, но годинава беше вртоглаво актуелизиран главно во контекст на глобалните (гео)политички настани како Брегзит, изборот на Трамп, турските собитија, рускиот одговор итн. Суштински, тој означува креирање политики и социо-инжинеринг засновани на поттикнати емотивни, а не на фактички состојби. Оттука и обидот да се релативизира и сатанизира сn4; што не е во прилог на наметнатите глобални лаги.

Во пост-вистинито општество сn4; е засновано на вулгарна пропаганда, психолошки моделирана да апелира само на чувства и нагони. Сn4; е засновано на лага. Сn4; е фалсификат. Пост-вистинитото општество е придвижувано од комбинација од 24-часовнен циклус на (новинарско) информирање со нарушен баланс на информацијата (полувистини и лаги), со сеприсутност на социјалните медиуми/мрежи и, конечно, со преку негативна селекција намерно избрани корумпирани политичари, кои го ефектуираат злосторството на лагата врз масите. Оваа состојба се разбира не е нова: долги децении роварат тенденциите за воспоставување глобализирано пост-вистинито општество, за да кулминира денес, кога светот е на раскрсница и на прагот на ослободување од мракобесието на силите кои сакаат да владеат со него со помош на лагата. Многу вистини се кријат. Некои на очиглед.

Јас не можам да замислам поголем хорор од пост-вистинито општество. Во него, сn4; е релативизирано, инвертирано и первертирано. Ништо не е апсолутно, ништо не е свето, нема вистински вредности, нема вистинско знаење, нема добрина, нема убавина и нема љубов (највисокиот облик на вистината), што сn4; заедно резултира во генерации неспособни да се издигнат над нагоните и да ја согледаат реалноста на животот. Тоа е незамислива трагедија. Тоа е отелотворување на апсолутниот релативизам, тотален нихилизам, царство на небитието и на апсурдот.

Македонија е еден од најдрастичните примери во светот за тоа што се случува кога на народот ќе му ја одземат вистината.

Па сепак, сn4; ќе помине, само вистината ќе остане. Треба само да ја заслужиме, ако ја заслужуваме.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани