Во Русија падна голем метеор и затрупа река
  Објавено на
share

 Пред неколку дена во областа Хабаровск, Русија падна голем метеор, кој се закачил на врвот на вулкан и се срушил во коритото на реката Буреја.

Властите не ја исклучуваат можноста за воведување на вонредна состојба, соопшти раководителот на областа Буреја, Алексеј Маслов. 

"Судејќи по сè, метеорот беше огромен штом можеше да го прекрие коритото на реката со слој висок 40 метри. На местото на настанот биле две групи: една од Амурската област и една од Бурејската област. Тие имаат сателитски телефон и дозиметри за утврдување на нивото на радијација. Во хидроелектраната во Буреј неколку денови се бележи намален тек на водата во вештачкото езеро, а експертите не можеле да ја утврдат причината за тоа. Се надевам дека групите наскоро ќе пристигнат од местото на настанот и ќе добиеме детални информации", изјави Маслов.

 

Image result for Khabarovsk meteor

 

Според достапните информации, коритото на реката Буреја е затрупано, кое се наоѓа околу 70 километри од најблиската населба Чекунда. За тоа е известен министерот за вонредни ситуации на Русија.

Маслов истакна доколку во случај метеорот ја пренасочува водата од рката, поради што би дошло до поплави ќе биде прогласена вонредна состојба.

 

 

За проценка на ситуацијата вклучени се сателити од вселената. На Интернет исто така се појавија снимки од локацијата каде паднал метеорот. Според зборовите на авторот на снимката, небесното тело формирало џиновска брана која би можела да го блокира текот на водата во реката.

 

 


  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани