ВО РЕК ОСЛОМЕЈ ЌЕ СЕ ГРАДИ ФОТОВОЛТАИЧНА ЦЕНТРАЛА
  Објавено на
share

 ВО РЕК ОСЛОМЕЈ ЌЕ СЕ ГРАДИ ФОТОВОЛТАИЧНА ЦЕНТРАЛА, ИНВЕСТИЦИЈА ОД 7 МИЛИОНИ ЕВРА

Foto

Поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК Осломеј  за околу една година ќе бидат покриени со 10 мегаватна фотоволтаична мрежа. Компанијата елем од европска банка за обнова и развој зема кредит од 5,9 милиони евра за изградба на фотонапонската централа. Инвестицијата  изнесува седум милиони евра, од кои 5,9 милиони евра заем од Европската банка за обнова и развој, а останатите сопствени средства на ЕЛЕМ.

https://www.youtube.com/watch?v=0ISY3chtDWA - линк од веста 

а ова е реакцијата која ја добивме по тој повод 

From: Vladimir Pavleski <vladimir.pavleski@yahoo.com>
 
Subject: Коментар на текстот за фотоволтаична централа во Осломеј
 
    Текстот Ти е објавен на Твојата Интернет-страница. Според мене, од технолошки аспект зафатот ми личи како со прст во гомно (така велат Кичевчани). Имено, ако термоцентралата Осломеј е проектирана на 120 Мегавати, никогаш не го постигнала тој капацитет, но постигнала околу 100 мегавати преку додавање на мазут во јагленот, кој таму е лигнит. Сега тој капацитет го заменуваатг со капацитет од С А М О 10 Мегавати. Попоразителен податок е што за 10 Мегавати ќе вработат 1.000 лица. Зарем не е дааалеку подобро гасоводот што преку Водно насила го пикуваат кон Тетово и Гостивар да го продолжат до капацитетите на термоцентралата во Осломеј и таа да се прориентира на производство на електрична енергија на гас? Ако со лигнитот капацитетот стигнал до стотина Мегавати, и со гас ќе може да стигне до толку.
 
    Зошто инвестицијата во фотоволтаици во Осломеј це прст во гомно? Па, зарем од толку локации во Македонија, кои се далеку поосончени од Осломеј, го најдоа Осломеј? Таму зимите се долги, температурите лете не се високои, што значи дека севкупно годишно на таа локација паѓа помалку сончева енергија во однос на мнооогуте други локации, особено во централна и Источна Македонија. Има уште еден елемент за прст во гомно. Фотоволтаиците се прават на локации кои се неплодни, какви што се локациите долж Вардар под Велес, а не во Осломеј. Таму со одредена инвестиција во нов слој земја тоа рамно поле може да произведува значаен обем на земјоделски производи, дури и со работата на термоцентралата на гас (бидејќи истиот не загадува како лигнитот). На пример, мој другар, роден во Осломеј, таму имаше насадено сливи Стенли и таму произведуваше одлична сливова ракија, која сега се бара, а и во иднина ќе се бара. Како алтернатива, што може да се произведува во песокот-пржолот долж Повардарието? Н И Ш Т О. Затоа таму е воениот полигон Криволак.
 
    Треба да се има предвид дека од согорувањето на лигнитот, но и од неговата експлоатација се ослободуваат канцерогени честички и таму, во Осломеј, доста вработени страдаат од рак на грло. Со воведувањето на гасот ќе отпадне овој проблем.
 
    Треба да се има предид и следното. Ако би се активирала термоцентралата Осломеј, за тие стотина Мегавати на Кочу ле би му се намалил увозот на електрична енергија. Голем дел од тој увоз го прават неговите фирми. Дали тоа е објаснување зошто во досегашниов мандат на оваа квазиВлада нема ништо направено ниту проектирано во делот на производство на електрична енергија?
 
    Сега во однос на гасоводот преку Водно. Со гасоводот Турски тек Македонија ќе биде заобиколена, а ќе биде преориентирана на гас од Грција, од втечнетиот гас што од САД ќе се носи до некое пристаниште во Грција. За оваа цел веќе се проектира гасовод по Вардар. Ако ова се знае е се знае дека е дефинитивно, тогаш зошто за Тетово и Гостивар се прави насила гасоводот преку Водно - од страна од која нема да има доволно капацитети? Зошто не се проектира и не се изведе гасовод од Грција преку Битола, Кичево, Гостивар и Тетово? Така ем ќе се проектираат доволни капацитети за преориентирање и на РЕК Битола и РЕК Осломеј на гас, ем ќе се доведе гас и до Гостивар и Тетово.
 
Поздрав, Владо Павлески



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани