Ако искрено го сакате - ОВАА ГОДИНА НА ДЕТЕТО СКРАТЕТЕ МУ 10 КИЛА ШЕЌЕР
  Објавено на
share

 

ОВАА ГОДИНА НА ДЕТЕТО СКРАТЕТЕ МУ 10 КИЛА ШЕЌЕР

Последната студија на британскиот остров покажува дека просечно дете ја јаде количината шеќер која му е доволна да стигне до полнолетство веќе на 10 годишна возраст. Слатки тие на мама и тато.

На својoт десетти роденден, дете во Велика Британија веќе има изедено 138 килограми шеќер, количина која според нормите, би требала да му биде доволна за до 18 години.

Препораките велат дека за 10 годишно дете максималниот дневен внес на шеќер би требало да изнесува меѓу 20 и 24 грама, еквивалентно на 5 коцки шеќер. А реалноста вели дека внесуваат просечно по 52, 2 грама секој ден, односно 8 коцки повеќе отколку што треба.

Со овие податоци при рака, тамошното јавно здравство покрена кампања за менување на навиките, особено на возрасните и особено при шопинг, за родителите да ги заменат омилените овошни јогурти, преработени житарици и пијалоци со такви кои во себе содржат помалку шеќер.

Целта е да се сменат навиките за на детето да му се скратат 2.500 коцки шеќер годишно (1 коцка = 4 грама = 10 килограми).

Бројот на дебели деца во Велика Британија достигнува рекордни пропоции на сите времиња (една третина се дебели) а во загрижувачки пораст е и бројот на оние кои на мала возраст развиваат дијабет од типот 2.

 

https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdravje/ovaa-godina-na-deteto-skratete-mu-10-kila-shekjer




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани