LG од оваа година ќе продава ОЛЕД ТВ која се витка како ролетна
  Објавено на
share

 LG’s groundbreaking roll-up TV

 LG телевизор кој се витка како ролетна, само за технолошки ликсури. Еве за ова ќе земате кредити, ова ќе ве фрли во долг, ама со мерак ... абе и ние л'цнавме ко дете пред излог на слаткарница, ко тинејџер пред излог во Амстердам, ко шарен пред чорбиче за 50-че.  

Само со едно притискање на копче, елегантнои и за 10 секунди од високо дизајнираната кутија во која се ставени врвни звучници а ткаенината како прекривка на звучниот систев е направена од чиста волна, (ај и тоа па) ќе се идигне најновиот модел на OLED TV на LG. Изработено како врвно уметничко дело - ready - made  за директна поставка во музеј на современа уметност но со перформанси, квалитет и практична примена која просто ќе биде тој олед светол предмет на желбата наречена телевизор.  

И само си замислувам акј нас ако дојде, доаѓа црепот пун со пари, прашуе колку е, вади метро и мери колку и дали има навистина сантиметри колку е декларирано, па бидеејќи е во инчи пресметува со калкулатор, па се нечка со продвачаот за попуст, рати ... 

LG TVs OLED65R9PUA 2

... нејсе, ова е нешто што може конечно да ја задоволи потребата од технолошки - порно предмет за љубителите , како мене, на совршена слика и тоа на подолг рок. Само може да се замислат дизајнерските можности во уредување, позиционирање на овој телевизор и неговата примена како таков, за домашна и професионална употреба. 

Овој тапет телевизор од 65 инчи, кој ќе има секакви напредни технологии од Q9, 4к, андроиди, Алекса, и сите матракуки и ќе биде мошне скап...мошне. Ако тнкиот олед кога се појави имаше цена од преку 8000 долари, овој модел кој покрај најновиот олед содржи и најновата технологија на свитливи екрани, сигурно ќе ја вивне почетната цена до небо. Од естетски причини поаскувам да го видам во живо кај нас, а патем ако Арсен Лупен ако нема попемтна работа, може да се договориме. Ова тера на грев.

 https://www.lg.com/us/tvs/lg-OLED65R9PUA-signature-oled-4k-tv




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани