Пронајден изум кој мислите ќе ги трансформира во говор
  Објавено на
share

 Пронајден изум кој мислите ќе ги трансформира во говор

Изумот е животна промена за оние кои не се способни да комуницираат, како што се жртвите од мозочен удар. Пионерскиот систем ја комбинира синтезата на говор и AI (вештачка интелигенција) за да се претвори активноста на мозокот во разбирливи реченици.

Се базира на истата технологија што ја користи Амазон Ехо и Apple Siri. Направата нуди надеж за пациенти парализирани по мозочен удар или немите луѓе при комуникација со пријателите и најблиските – и покрај тоа што не може да зборуваат.

Проф. д-р Нима Месгарани, професор по електротехника на Универзитетот Колумбија во Њујорк, се надева дека ќе се менува животот за илјадници индивидуи.

Тој рече: “Нашите гласови ни помагаат да се поврземе со нашите пријатели, семејство и светот околу нас, и затоа губењето на моќта на гласот поради повреда или болест е толку катастрофално.

“Со денешната студија, имаме потенцијален начин да ја вратиме таа моќ. Ние покажавме дека, со вистинската технологија, мислите на овие луѓе би можеле да бидат декодирани и разбрани од секој слушател”.

Но дали ќе де користи технологијата и за други работи освен за лица со попреченост останува енигма.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани