НИКОЛОСКИ: ЗАТОА ШТО СМЕНИЈА ИМЕ, МОЖАТ ДА ПРАВАТ ШТО САКААТ
  Објавено на
share

 НИКОЛОСКИ: ЗАТОА ШТО СМЕНИЈА ИМЕ, МОЖАТ ДА ПРАВАТ ШТО САКААТ

 

 

пишува Александа Николовски

Насловот на оваа колумна е реченица која најчесто ја кажуваат претставници на власта, луѓе блиски на Заев и на СДСМ. Поедноставено се сведува на следново - затоа што Заев и Димитров го сменија името на Македонија, и со тоа на некој начин угодија на меѓународната заедница, сега им е дозволено да прават што сакаат. Без за тоа да има реакција на меѓународната заедница, ниту на медиумите кои се финансираат целосно или делумно од разни проекти, грантови и сл. кои доаѓаат од разни програми за помош за развој на демократија во Македонија.

Секако, ова не е точно и е далеку од умот да се помисли дека кој било би толерирал криминал, корупција, непотизам и згора на сè нерегуларни избори, особено не од меѓународната заедница или медиумите. Нема да дозволат да го изгубат својот кредибилитет само затоа што Заев сака да е премиер за да му расте семејниот бизнис; Никола Димитров да биде претседател за да ја исполни долгогодишната желба и глад за позиција и моќ, а разните функционери на СДСМ да си крадат на крупно или ситно и да си вработуваат во јавна администрација сè до трето колено.

Но, ова е наративот кој го градат луѓето околу Зоран Заев и СДСМ. И воопшто не е наивен! Има за цел неколку работи - да обесхрабри отпор и да внесе чувство кај луѓето дека сè е однапред познато и одлучено и нивниот глас на избори е небитен за да ги направи или апатични и не би излегле на гласање или би гласале за СДСМ со убедување и да гласат поинаку гласот ќе им оди кај СДСМ, затоа што тоа е така одредено и одлучено. Втората цел е да се сведе на минимум критиката кон власта за сите погрешни потези кои ги прави. Деновиве деца умираат, а речиси и да нема граѓанска реакција, во други услови десетици илјади луѓе би имало на улиците, деновиве се вработува сè што може а е роднина на функционер на СДСМ или ДУИ - повторно изостанува масовна реакција. Причина за тоа е чувството дека сè е однапред одредено и гласот не вреди. Ова е најопасното што може да o7; се случи на која било демократија затоа што на тој начин фрустрацијата на граѓаните дека нивниот глас не вреди ќе се претвори во радикализам, кој може да доведе до непосакувани политички состојби и односи.

Секако, тука е и широко распространетата приказна дека претседателските избори се однапред одредени и дека на нив ќе има масовни нерегуларности со цел на сила да победи кандидатот на СДСМ. Нерегуларностите одат од предизборниот период па до денот на избори - од масовни вработувања на партиски послушници, преку уцени на луѓе со полиција, притисоци на јавана администрација, поткуп на гласачи, притисок врз медиуми, сè до полнење кутии на самиот изборен ден доколку е потребно. Сето ова веќе почнува да се реализира. Масовните вработувања на партиски послушници се секојдневие, притисокот врз медиумите исто така, а на големо се зборува и дека почнува подготовка и за другите предизборни и изборни „активности“. Најеклатантен пример дека Заев, Димитров и СДСМ не сакаат регуларни избори е бегањето од предвремени парламентарни избори. И тоа не е заради некакви реформи, еве го и февруари поминува реформи не видовме, туку исклучиво и само за да не стапат на сила механизмите на т.н. пржинска влада кои значат учество на опозицијата во Владата која ќе ги организира изборите. Намерата е јасна - фер, демократски и компетитивни избори да нема!

Поради сето ова погоре наведено, побарав на сите средби што минатата недела ги имав и во Брисел и во Вашингтон со високи претставници на ЕУ и на САД да се направат чекори кон разбивање на оваа вештачки создадена перцепција од страна на Заев, Димитров и СДСМ, како и да се направи сè да имаме фер избори без притисоци, закани, уцени, поткуп на гласачи, влијание врз медиуми и полнење кутии. Меѓународната заедница има јасни стандарди на демократски практики и нема ни да помисли да толерира неправилности. Затоа засилен мониторинг на следните избори е клучен. Силни набљудувачки мисии се неопходни од сите релевантни институции - како ОБСЕ/ОДИХР, Совет на Европа и сл. Тие, покрај на изборниот ден и техничката организација на изборниот ден, треба да се посветат и на предизборниот период и да пратат свои мисии кои подолго ќе бидат на терен и ќе ја набљудуваат целата предизборна атмосфера.

Исто така, сметам дека е неопходна силна и јасна пограка во јавноста од страна на меѓународната заедница дека услов за членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ се фер, демократски и компетитивни избори, без толеранција за неправилности. Можеби во нормални услови меѓународната заедница не би требало да го каже ова зашто само по себе се подразбира, но во овие услови мора да се каже затоа што на бранот на поддршката од меѓународната заедница за договорот за името со Грција, власта на Заев мисли дека може да прави што сака.

Секое сценарио различно од ова, сценарио кое ќе значи наместени претседателски избори, ќе ја фрли државата повторно во криза. Таа криза добро ќе им дојде на одредени сили кои не o7; посакуваат добро на Македонија и ќе се обидат да ја искористат. Исто така, таква криза ќе доведе до уште поголема поларизација во македонското општество. Нешто што никој не го посакува.

Заев, Димитров и СДСМ мора да сфатат дека на избори ќе ги стигне револтот од народот од сè што прават и ќе изгубат на нив. Тоа треба да го прифатат мирно бидејќи тоа е демократија, секое друго однесување ќе е само потврда за сомнежите за многубројни нерегуларности и корупција како и стравот од одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ верува во силни институции и демократски процес, учествува во нив. Но, доколку овие неправилности продолжат и се зголемат, одговорот од наша страна за заштита на демократијата и слободното право на глас на секој граѓанин ќе биде силен и жесток. Следниот период ќе биде тест за однесувањето на Заев и СДСМ од што многу ќе зависи и однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Се надевам дека разумот ќе надвладее и дека фер, демократски и компетитивни избори ќе бидат реалност за Македонија, па да видиме што мисли навистина народот за сè ова што o7; се случува на Македонија.

Колумна на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за Независен весник




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани