МАНЕКЕНКАТА ШТО СТАНА ОВЧАРКА
  Објавено на
share

 

МАНЕКЕНКАТА ШТО СТАНА ОВЧАРКА

Кога ви пука душата од обврски, состаноци и градска гужва, додека седите во километарска колона што ја направил џандар, ви паднало на памет дека може треба да се повлечете во планина, со 2-3 овци и да живеете малку поедноставно? На Хејда Асгерсдотир да. Само што, има 500 овци.

На 20 години се откажала од можноста да биде манекенка - ја гњавеле скаути и фотографи и тетка o7;, што работела во агенцијата Елит, па решила дека повеќе сака да се врати дома на време за раѓањето на новите јагниња и да стане, како што пишува во нејзината книга: „Овчарка на крајот на светот”. Дваесет и една година подоцна, кажува дека во ниеден момент не зажалила.

Биографијата „Хејда” е бестселер во Исланд и веќе е преведена на англиски. Слично како во бајка, татко o7;, уште додека била слабо дете што го следи наоколу низ ридовите, секогаш o7; велел дека еден ден ќе ја преземе фармата, само да најде сопруг што ќе ја чува. Сопруг не нашла, не ни сакала, но сепак ја преземала фармата во 2004-та, на свои 26 години, кога на татко o7; му дијагностицирале рак и од тоа починал две години подоцна. Оттогаш ја води сама.

Лјотарстадир, или „Фармата каде што е светлоста” е во семејството од 12-ти век. Хејда има 500 овци, како и секој нејзин предок. Но, во 2010-та на ваквиот начин на живот му се заканило едно зло на модерното време - сакале да изградат централа со брана висока 60 метри баш во нејзината долина, а воден ѕид висок колку кулата на катедралата во Рејкјавик би го потопил нејзиното најдобро пасиште „каде што расте првата трева во пролет” со резервоар од 10 квадратни километри. Решила дека ќе o7; биде мисија да го спречи ова, се борела со корпорации и политичари и после седум долги години кампања - станала локален советник, еколошки активист и адвокат за планирање - и победила.

Во случајов, победата значела дека сè ќе се врати како што било претходно. Нејзината книга, која ја пишува новинар е и дневник на кампањата и сведоштво за начинот на кој ги минува сезоните. За време на кратките денови во доцна зима, кога нејзините овци се внатре, Хејда патува низ Исланд, ловејќи проблематични бремености кај овците. За период од шест недели, проверува 1200 овци на ден, седи на земја, заборава да јаде, смрзнува, па се враќа дома, се тушира и пие топло чоколадо.

Не била воодушевена што ќе има книга за нејзе. Се согласила само затоа што новинарката го претставила тоа како книга за борбата со корпорациите. „А јас реков дека ќе направам сè за да ја поддржам таа кауза. Не сфатив дека ќе има толку детали од мојот живот. Таа рече дека никој нема да сака да чита цела книга само за хидроелектрана. А дотогаш, веќе бев навлезена.”

Дали популарноста на книгата o7; го сменила животот?

„Многу луѓе ми доаѓаат на фармата да ја видат,” вели Хејда. „Ги пречекува мајка ми, затоа што јас секогаш работам.” А околу тоа што приватниот живот и е разоткриен, спомнува дека првиот пат кога нејзината помала сестра видела човек што се фаќа за книгата во книжара, едвај се воздржала да не му рече „Како не ти е срам да o7; се мешаш во животот!” И самата кратко така се чувствувала, но сепак заклучува дека, „Во ред е, затоа што се разбира дека се гребе само по површината. Никој не би раскажал сè.”

За потенцијалната модна кариера вели, „Тоа беше кратко и беше супер за самодоверба. Но, само што влегов во Њујорк, сфатив дека тој живот не е за мене. Забавно беше да се проба, ама овде ми е местото.”




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани