ПИСМОТО НА СТЕНЛИ КЈУБРИК
  Објавено на
share

 

ПИСМОТО НА СТЕНЛИ КЈУБРИК

1970-та година. Стенли Кјубрик дознава дека студиото MGM планира да сними продолжеток на неговиот филм Одисеја 2001. Нему не му се сака тоа, ама адвокатот му вика дека според договорот, имаат право на тоа. "Ако, ја ипак ќе им пишам едно писмо," вика Кјубрик. 

 

Драг Џејмс,

Разбрав дека вие и вашето студио планирате да снимате продолжеток на Одисеја 2001-ва, иако знаете дека јас сум против тоа. Мојот адвокат ме информираше дека легално ја поседувате таа опција и дека јас многу малку можам да сторам за да ве сопрам.

Меѓутоа, сакам да знаете дека ја имам онаа коска од тапир која во Одисеја лета во воздух. Ако снимите продолжеток на филмот, таа коска ќе ви начукам толку длабоко у гз што ќе биде потребна досега неоткриена супер-интелигентна вонземјанска сила да сконта како да ја извади од таму.

Озбилно, не се заебаваје со мене.

секое добро,
Стенли Кјурбик

 

 
Сепак во 1984 е снимен втор дел "2010"  ("Годината кога направивме контакт"). За жал Кларк се полакоми од успехот и напшиша уште две-три книги после Одисеја 2001, но прсто се нечитливи колку се лоши освен ако не сте забеган фан на Кларк.
 
2010 Poster
 
2010 не е лош филм, напротив, искинале опицни да го направат добар и интересен, и им успеало, одлично спакуван, но едноставно, "тајната" состојка на длабочината на умот и духот која ја имаше само Кјубрик, никој не ја повтори. Затоа и никој не се осмелува да прави втор дел, бидеејки за разлика од сите оригинали, 2001 е совршено спакуван филм како алфа и омега на жанрот.
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани