Марин Ле Пен го победи Макрон на европските избори во Франција
  Објавено на
share

 Десничарската партија Национално движење на Марин Ле Пен освои победа на европските избори во Франција со 23,2%, наспроти про-европскиот центристички Емануел Макрон со 21,9%, покажуваат излезните анкети на Франс2 ТВ.

Ако овие резултати бидат потврдени, ќе му наштетат на Макрон кој се стави во центарот на оваа изборна кампања, како шампионот на Европа и дефинирајќи го гласањето како егзистенцијална борба меѓу про-европските прогесивци и евроскетпиците - крајната десница.

Image result for mary le pen won over makron

Овие избори беа голем тест на средина од мандатот на Макрон, по 6 месечни демонстрации на Жолтите елеци и смртни случаи низ цела Франција.

Ле Пен порача дека ако победи нејзината партија, прва работа која ќе ја побара е оставка од Макрон.

Одзивот на овие избори е над 50%, што е историски рекорд, а и повисока излезност од преходните европски избори.

Image result for mary le pen won eu poll




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани