Ќе се руши Сан Сиро
  Објавено на
share

 Легендарниот и култен стадион на Милан и на Интер ќе биде срушен и на негово место изграден нов стадион

Целиот проект за изградба на нов модерен страдион ќе ги чини Милан и Интер околу 700 милиони евра, а арената ќе биде готова пред сезоната 2022/2023.

Проектот се уште не е достапен за медиумите, но по информациите на La Repubblica, Милан и Интер биле инспирирани многу од ултрамодерниот „Мерцедес Бенс Стадион“ во Атланта (САД), а по дизајн би требало да потсеќа и на прекрасниот стадион „Metlife“ во Њујорк - дом на НФЛ тимовите Њујорк Џајантс и Њујорк Џетс.

Image result for mercedes benz stadium

Ако се суди по сликите како изгледа статионот во Атланта, очигледно дека ќе биде навистина спектакуларен.

За време на реконструкцијата и Интер и Милан ќе продолжат да играат на Сан Сиро уште три сезони.

Image result for new san siro

 

Малку за историјата на овој легендарен храм на спортот, преземено од оффнет.

Епскиот „Сан Сиро“ е отворен во 1926-та година. Бил изграден на место на мала црква и оттука називот во чест на светец - Сан Сиро (на италијански Сан во превод значи Свети). На почеток го викале Nuovo Stadio Calcistico San Siro (Нов фудбалски стадион Сан Сиро).

Автор на целиот проект бил Улисе Стакини, познат по уште едно величествено дело - централната железничка станица во Милано.

На почеток, „Сан Сиро“ собирал 35.000 гледачи. Првиот меч бил секако градско дерби - а Интер го совладал Милан со 6:3. На почеток „Сан Сиро“ му припаѓал на Милан, затоа што стадионот бил изграден од парите на претседателот на клубот Пјеро Пирели (да, познатиот производител на гуми е наречен во чест на неговиот татко). Интер играл на стадионот „Чивика“.

Во 1935 година „Сан Сиро“ бил продаден на градот Милано. Властите сакале да ја зголемат арената до огромни 150.000 капацитет, но планот пропаднал зошто започнала големата војна.

Милан продолжил да игра на „Сан Сиро“, а на стадионот се појавил и втор кираџија Интер, па така од 1947 година двата милански клуба играат на овој прекрасен стадион.

Првата голема реконструкција „Сан Сиро“ ја доживеал во 1955 година кога ги рашириле трибините до 85.000 места. На „Сан Сиро“ се играа три финалиња од Куп на европски шампиони и Лига на шампиони, како и шест меча од Светското 1990-та. Овој стадион редовно е домаќин на најголемите светски музички ѕвезди кои тука прават свои концерти.

На легендарниот стадион се играле и три меча од Европското првенство 1980-та, а пред почетокот на овој турнир, стадионот го преименувале во „Џузепе Меаца“ (во чест на ѕвездата на Милан и Интер од ’30-те години).

После 10 години Италија го организираше големиот Мундијал, а специјално за тоа Светско првенство стадионот бил целосно реконструиран: сите места биле направени седечки а над трибините бил поставен и кров со помош на 11 големи столбови. Од тогаш дождот никогаш не им го нарушува комфорот на гледачите. Целиот проект чинел 60 милиони долари.

На Светското 90 се одиграле 6 меча на „Сан Сиро“ вклучувајќи го и четвртфиналето Чехословачка - Германија (0:1).

ОД ЦЕРЕМОНИЈАТА НА ОТВОРАЊЕТО НА СВЕТСКОТО 1990

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани