Индија ја забрани пластиката за еднократна употреба
  Објавено на
share

Индија ја забрани пластиката за еднократна употреба. Индија брои 1,3 милијарди луѓе.

Индиската влада по повод одбележувањето на 150-тиот роденден на Махатма Ганди започна уште една еколошка кампања, од 2 октомври се забранети пластични кеси, мали пластични шишиња, чаши и сламки.

Image result for india plastic forbidden

 

Програмата на индискиот премиер Нарендра Моди Свач Бхарат - Чиста Индија со години како заштитен знак ги има очилата на Махатма Ганди. Моди смета дека сè уште не е сторено доволно за заштита на природата. Затоа сега Индија, како што е најавено, сака да го зголеми својот капацитет на обновлива енергија до 2022 година на 175 гигавати, а подоцна и на 450 гигавати. 150 милиони индиски семејства се снабдуваат со гас за да можат поеколошки да готват, а има и многу други проекти насочени кон поодржливо користење на водните ресурси, рече Моди.

Во рамки на прославата на роденденот на Ганди, забранета е употребата на пластични кеси, мали пластични шишиња, сламки и други предмети за еднократна употреба.

„Можеме ли да го направиме овој прв голем чекор на 2 октомври за Индија да биде ослободена од пластика за една употреба? Ајде мои сонародници, да тргнеме напред“, изјави Моди пред толпата илјадници луѓе собрани во историскиот Црвен дворец во Делхи за годишниот говор на Денот на независноста, јави Си-ен-ен.

„Пластиката за еднократна употреба е основната причина за многу наши проблеми - но решението треба да дојде одвнатре, од нас“, додаде тој.

Моди зад себе ги има младите во Индија. Пред неколку недели, учениците демонстрираа за поеколошка политика.

Сунит Гупта, учителка која учествуваше на протестите одржани во чест на Ганди, рече: „Кога децата така се ангажираат против пластиката, кога шират таква порака, тогаш тоа мора да има ефект. Конечно, станува збор за нивната иднина. Затоа, возрасните треба да слушаат што имаат да кажат овие деца“.

Дури ни Махатма Ганди во неговото време не го слушаа сите. Со пасивен отпор, без насилство, ја донесе поранешната британска колонија до независност, но не успеа да ја спречи поделбата на две земји - Индија и Пакистан. Многу радикални Хиндуси до денес го обвинуваат Ганди и неговата политика на откажување од насилство за поделбата на земјата.

Индиската влада ќе мора да истрае во притисокот, доколку сака забраната за пластика да се спроведе на дело. Бидејќи во Индија пластичното пакување е широко распространето и вообичаено. Малите улични продавачи не можат ни да замислат да живеат без неа. Тие мислат дека најпрво треба да се изврши притисок врз производителите на пластични амбалажи. Сè додека се произведуваат полиетиленски кеси за производи, велат тие, тие ќе завршат на улица затоа што се поевтини од другите кеси.

 

Image result for india plastic bags




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани