Адел ја нападнаа зашто не ослабела додека била во брак
  Објавено на
share
Исти сме сите, не само Адел. И машки и женски, кога ќе си добиеме сигурност во врска се запустуваме и после го хејтаме партнерот што не не прифаќа и 30 кила усвињети.

Дебелина е добра причина за развод. Фала и на жена ми што остана слепо зањубена, ја себе не се поднесував онаков изобличен. Се упорпастуваме и себе и го мрцвариме и партнерот. не само заради неа, туку од љубов кон неа се трудам и се борам колку можам.

Дебелината е исто срање како наркоманија, алкохолизам, психичко пореметување, кои си го опрадуваме - тоа ме прави среќен, ако ме сака ќе ме сака и ваков/ваква. Тоа е чиста најдолна себичност и безкарактерност!

Јас да сум власт, на дебелите би им наплаќал тројно повеќе здраствено осигурување, почнувајќи од мене.

(ги одвојувам оние со здраствени проблеми, кои примаат терапии кои и го зголемуваат волуменот како пронизони и слично, исклучоци има, секако, но оние кои од себична страст и навлеченост на калории, за нив немам милост, и ова го каѓувам како дебел човек кој добро најдобро ја познава перверзијата наречена неумерена и претерана зависност од храна)
 

Адел ја нападнаа зашто не ослабела додека била во брак


По двомесечна пауза на „Инстаграм“, британската пејачка Адел (31) објави две црно-бели фотографии на кои позира со Дедо Мраз и Гринч. Нејзините придружници веднаш ја забележале нејзината физичка промена.

Таа облекла долг сатенски фустан со кој ја истакнала новата линија, а русата коса ја навиткала во локни.


Нејзините обожаватели ја пофалија и и сугерираа дека не е лошо да објави нова песна. Промената на Адел е видлива, а според пишувањата на странските медиуми, во борбата со вишокот килограми и помогнале двајца тренери.
 


Благодарение на редовното вежбање и правилната исхрана таа ослабела 20 килограми.

И, додека повеќето ја фалат, некои сметаат дека решила да преземе нешто за нејзината тежина затоа што останала сама. По разводот од сопругот Симон Конецки, со кого има син Ангел (7), тие тврдат дека можеби сака да запознае некого, па не сака нејзината дебелина да и биде проблем на тој план.

„Можеше да ги стопиш килограмите додека беше во брак, но јасно ни е. Тогаш знаеше дека ќе биде со тебе, а сега си во потрага по нов“, напишале злобниците.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани