Еве дел од она што опфаќа новиот закон за ЈО
  Објавено на
share

 

Анализа: Кои новини ги предвидува законот за ЈО и дали ќе донесе правда?

Предметите кои ги отвори СЈО одат во рацете на Вилма Русковска и останатите обвинителства, но бомбите ќе ги користат само како индиции.

 Усвоената верзија на Законот за ЈО кој ќе почне да се применува од 30ти јуни годинава предвидува и зголемување на бројот на обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција под чија надлежност ќе влезат најголем дел од истрагите отворени по јуни 2017та. Од Коалицијата Сите за правично судење велат дека некои од решенијата не требало да се најдат во овој Закон со оглед на тоа што дел од нив се регулира со ЗКП.

Членот 110 утврдува дека обвинение не може да се покрене врз основа на прислушкуваните разговори, освен обвиненијата до јуни 2017та.

Член 110

(1) Јавно обвинителство не може да го заснова обвинението врз основа на незаконски прислушувани материјали.

(2) Исклучок од став (1) од овој член се предметите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите поднесени до надлежен суд до 30 јуни 2017 година согласно со Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

По овој датум се двете обвиненија за финансирањето и седиштето на ВМРО ДПМНЕ под име Талир од кои едно е во судска постапка. Но тука се и истрагите како Империја, Попис, Моќник, Пациент во кои се осомничени функционери. Петровска вели со овој член ќе бидат засегнати голем дел од истрагите на некогашното СЈО.

Според новиот закон бомбите ќе се уништат три месеци откако ќе завршат постапките по вонредните правни лекови, а оние кои не се дел од истрагите нема да се преслушаат. Новина во законот е и изборот на шефот на Организиран криминал и корупција за кој ќе гласаат сите јавни обвинители во земјава. Тоа практично би требало да се случи по две години, кога на Русковска ќе и заврши четиригодишниот мандат.

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани