ПРОПОВЕД
Автор: Филип Иванов   Објавено на
share
 
Во суштина, сите ние сме скршени и повредени личности, и повеќе не веруваме никому, па ни на себе самите. Носиме толку длабоки и болни рани на душата, што самата помисла некој да ги допре носи болка, камоли да дозволиме некој да стави рака на тоа место. Лошата вест е дека луѓе упорно ќе се обидуваат да чепкаат по раните, а ние се повеќе и повеќе ќе се затвараме во себеси, сакајќи така да се заштитиме.
 
Поради ова честопати луѓе не дозволуваат ниту Сам Господ Исус да ги исцели. Не затоа што не сакаат да бидат исцелени и ослободени од болката, туку затоа што се плашат од нова повреда, мислејќи дека Тој е како другите.
Еве ја добрата вест. Сn4; што знаеме за Исус е тоа дека Тој ниту еднаш не повреди некој, туку ги исцели сите кои ги сретна патем, проститутки, лепрозни, цариници, грешници, отпишани и безнадежни случаи...
 
Неговиот допир никому не донесе болка, само исцеление. Во Него се исполни древното пророштво кое вели дека кога ќе дојде Месијата „поткршената трска нема да ја докрши, и светлото што тлее нема да го угаси...“ И навистина беше така, а и ден денешен е така.
Знаете што ми дава сигурност дека ако му ја отворам мојата душа, повредена и изнаранета каква што е, нема дополнително да ја повреди? Фактот дека раката со која ќе ја допре сn4; уште ги носи раните од Неговото страдање за мене, дека таа рака беше прободена на Крстот за да ме спаси и исцели, не за да ме рани и убие.
 
Ова треба да го имаме на ум за нас самите, а и секогаш кога ќе посакаме да помогнеме некому. И, пак, не го гасете фитилот што и онака само тлее и се гуши, разгорете ја верата и надежта во себеси и другиот!



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани