Турција испрати авион во Шведска за свој државјанин заразен со коронавирусот
  Објавено на
share

 Турција испрати авион во Шведска за свој државјанин заразен со коронавирусот 

Турција испрати авион во шведскиот град Малме за да го преземе турскиот државјанин кому му е дијагностициран коронавирусот, а кого во Шведска одбиле да го примат во болница, јавува Агенција Анадолија (AA).

Turkey transferred its citizen injured Corona by a private plane ...

Емрула Гулушкен (47) е позитивен на коронавирусот, се јавил на лекар, но бил вратен дома. Неговите ќерки Самира и Лејла побарале помош преку социјалните мрежи, а на нивниот повик одговорил турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа.

„Живеам со семејството во Шведска. Татко ми пред 11 дена доби температура и почна да чувствува потешкотии во дишењето. Се јавивме на лекар, но за жал, никој не дојде. Со денови се јавувавме повеќепати, но никој не одговараше на нашите повици“, вели во видеоснимката објавена на социјалните мрежи Самира Ѓулушкен.

Во меѓувреме, турската Амбасада во Стокхолм и Дирекцијата за турска дијаспора и сродни заедници (YTB) стапиле во контакт со семејството Ѓулушкен. Министерот за здравство, Фахретин Коџа, разговараше со Самира и доби информации за здравствената состојба на нејзиниот татко.

Коџа потоа потврди дека во Шведска ќе биде испратен авион за медицинска евакуација и дека целото семејство ќе биде префрлено во Анталија.

Ќерката Лејла Ѓулушкен за АА изјави дека состојбата на нејзиниот татко вчера дополнително се влошила и дека повторно се јавиле во болница.

„Потоа пристигна брзата помош, со нас разговараа многу грубо, очигледно лути поради нашите повици. Рекоа дека не можат да сторат ништо против оваа болест. Рековме дека ни е познато дека сè уште нема лек за оваа болест, но дека нашиот татко треба да биде примен во болница за да не биде загрозено и нашето здравје“, рече Лејла Ѓулушкен.

A Turkish woman asks for help … and the health minister sends a ...

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани