75 милијарди приход за три месеци! ДОЛАРИ! АМАЗОН!
  Објавено на
share

 75.000.000.000 долари

АМАЗОН ИМА ПРИХОДИ ОД 75 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА 3 МЕСЕЦИ

Тримесечјето составено од јануари, февруари и март 2020, на Амазон му донесе приходи од 75 милијарди долари. Како се заработуваат 75 милијарди долари за 3 месеци? Макотрпно, со по 33 милиони долари на час, и така секој ден, три месеци.

 

Е сега, да не биде дека Амазон само носи пари, Безос ги предупредил акционерите да се стишат малку и им кажал дека од овие 75 милијарди (за 3 месеци), ќе треба да одделат најмалку 4 милијарди долари за да ги покријат трошоците поврзани со коронавирусот, како заштитна опрема за вработени и мерки за спречување на ширењето на вирусот.

„Тоа вклучува инвестиции во лична заштитна опрема, подобро чистење на нашите објекти, помалку ефикасни процеси кои дозволуваат подобро социјално дистанцирање, повисоки плати за вработените што се плаќаат од час, и стотици милиони за развивање сопствени капацитети за тестирање ковид-19,“ порачал тазе освежениот Безос.

Од овие пари, 10,3 милијарди доаѓаат од веб-сервисите на Амазон (облак услуги, итн...), кој на списокот на свои корисници ги има Нетфликс и СЗО, два исклучително важни брендови во периодов.

Додека останатите продавници отпуштија илјадници вработени во обид да не пропаднат, Амазон во изминативе два месеца објави дека ќе ангажира дополнителни 175.000 лица.

Вака спектакуларно доброто тромесечје делуваше благопријатно и на богатството на Безос кое порасна за 13 милијарди долари, и сега се проценува на 145 милијарди долари.

Правењето пари со темпо на кое не може да му парира печатница на пари е проследено со протести од вработените на Амазон и Хол фудс, чија поплака е дека компанијата не направила доволно за да ги заштити од коронавирусот.

 Can You Guess How Much Cash Is In This Drug Dealer's Stack ...

Нема банана за споредба, на сликава им едвај преку 200 милиони долари, па замислете само колку пари се 75 милијарди!

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани