Во Шведска се менува севкупната стратегија во борбата против Ковид-19 поради големиот број смртни случаи во стречките домови
  Објавено на
share

 

Во Шведска се менува севкупната стратегија во борбата против Ковид-19 поради големиот број смртни случаи во стречките домови 

Шведска ја ревидира својата стратегија во борбата против коронавирусот, откако стапката на смртност во домовите за стари лица излезе од контрола.

Шведскиот премиер до граѓаните на државата: Подгответе се за ...
 

Шведскиот премиер Стефан Лофвен планира да потроши и до 220 милиони долари на медицински персонал за да се заштити најстарото население во земјата. Уште толку средства ќе бидат распределени на локалните власти за дополнителните трошоци што ги имаа во борбата против пандемијата, објави владата во вторникот, пренесе Блумберг.

Како и во другите земји во светот, и во Шведска најголемиот број смртни случаи се од постара возраст, но критичарите велат дека многу од тие жртви би можеле да бидат избегнати доколку властите подобро се фокусираа на заштитата на најранливите демографски групи.

Во почетокот на мај, Шведска започна истрага поради високата стапка на смртност во старечките домови. Половина од оние на возраст над 70 години кои умреле од последици на ковид-19 живееле во старечки домови, според националната статистика, осврнувајќи се на периодот од крајот на април. Во понеделникот, вкупниот број на починати во Шведска достигна 3.256.

Пристапот на Шведска кон пандемијата на коронавирусот стана главна тема на меѓународните дебати откако Швеѓаните зазедоа нешто порезервиран став од другите земји во светот. Наместо строги ограничувања и карантини, тие се потпираа на однесувањето на своите граѓани и нивната способност да се придржуваат кон правилата на социјално дистанцирање.

Шведските теретани, училишта, ресторани и продавници останаа отворени во текот на целото време на пандемијата. Стратегијата досега ја заштити економијата од најлошото, но стапката на смртност од коронавирусот во Шведска изнесува околу 32 на 100.000 жители. За споредба, најпогодената земја во светот, САД, ја задржува оваа стапка на 24, додека во Данска е 9.

Главниот епидемиолог на Шведска, Андерс Тегнел вели дека борбата против коронавирусот е долготраен процес, мислејќи притоа на фактот дека привремените карантини се само краткотрајно решение. Откако ќе бидат укинати, стапката на зараза повторно ќе расте.

Наместо тоа, Тегнел вели дека умерените ограничувања кои овозможуваат продолжување на нормалниот живот се поефикасни и му олеснуваат на општеството да помине низ пандемијата.

И додека шведскиот модел е сè уште многу контроверзен, во последно време доста се споредува со данскиот. Данска многу рано реши да воведе карантин и строги ограничувања. Сега е во втора фаза на повторно придвижување на економијата, а последните податоци сугерираат дека бројот на новозаразени опаѓа, додека стапката на смртност изнесува речиси третина од таа во Шведска.

Данска уште кон средината на април отвори големи делови од својата економија, вклучувајќи ги основните училишта и фризерските салони. Оваа недела се отвораат и данските продавници, за прв пат во два месеца, а музеите и кината ќе бидат отворени во наредниот период.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани