Протести во Црна Гора за ослободување на свештениците – граѓаните ги гаѓаат полицајците со камења
Објавено на
Протести во Црна Гора за ослободување на свештениците – граѓаните ги гаѓаат полицајците со камења
Во Плевља, Црна Гора, вечерва дојде до инцидент во кој насобраните граѓани кои претходно излегоа на улиците поради апсењето на епископот на будимљанско-никшичката епархија Јоаникиј и осум свештеници, ги нападнаа полицајците и кон нив фрлаа камења, стаклени шишиња и пиротехнички средства.
„ЧЕТВОРИЦА ПРИПАДНИЦИ НА ЦЕНТАРОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПЛЕВЉА СЕ ПОВРЕДЕНИ“, СООПШТИЈА ОД УПРАВАТА НА ПОЛИЦИЈАТА, А ПРЕНЕСОА ЦРНОГОРСКИТЕ МЕДИУМИ.
Како што јавуваат црногорските медиуми, полицијата била принудена да употреби солзавец за да ја разбие толпата.
Народот во Црна Гора, кој вечерва масовно излезе на протест пред Центарот за безбедност во Никшиќ, барајќи ослободување на владиката свештениците кои беа приведени поради организирање литија во време на коронакризата.
https://youtu.be/Z1NiKFVitz4
https://youtu.be/FS7tLT1IrXQ
КОМЕНТАРИ