Влада: Вонредната состојба треба да продолжи и во следните 30 дена
  Објавено на
share

Вонредната состојба треба да продолжи и во следните 30 дена

Владата на денешната седница донесе одлука која ќе му ја достави на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на вонредна состојба и во следните 30 дена.

„Владата на Република Северна Македонија на денешната 53-та седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Северна Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребна е вонредна состојба и во наредните 30 дена.“, соопштија од Владата. 

Утре истекува втората вонредна состојба која беше донесена на 16. април.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани