мелбурн под карантин ни помалку ни повече 5 недели!!! Австралииската влада сериозно ова го спроведува!!!
  Објавено на
share

 Mелбурн заклучен под карантин ни помалку ни повеќе, рамно 5 недели!!! Австралиската влада сериозно ова го спроведува!!! 

АВСТРАЛИЈА ГО СТАВА МЕЛБУРН ШЕСТ СЕДМИЦИ ПОД КЛУЧ

Почнувајќи од четврток на полноќ цел Мелбурн се затвора, а жителите на вториот по големина град во Австралија ќе смеат да излезат од дома само за да одат на работа, до продавница, ако се грижат за некое лице или за да вежбаат. Мерките се воведуваат откако 6,4-милионската сојузна држава Викторија во вторникот имаше рекордни 191 нов случај.

Властите на Викторија претходно ставија под клуч неколку населби од Мелбурн, а во понеделникот најавија дека границата меѓу Викторија и Нов Јужен Велс, најнаселените држави во Австралија, ќе бидат затворени, со што Викторија се отсекува од остатокот на земјата.

„Вирусот го третираме како да е пожар на јавното здравје. Со тоа што ќе го оградиме Мелбурн, во основа правиме периметар за да се заштитат останатите жители на Викторија.

Јасно е дека сме на прагот на втор бран и не можеме да дозволиме вирусот да навлезе во нашите заедници,“ изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрус.

Со новите мерки, кафулињата и рестораните на кои им беше дозволено да отворат сега ќе се вратат само на испорака. Фризери, шминкери и нокти ќе бидат затворени, а исто и сите културни и забавни настани и објекти.

Летниот распуст се продолжува за една недела, но повозрасните ученици се враќаат на училиште во понеделник.

Викторија со 6,4 милиони народ до сега имаше 2.800 заразени од коронавирус и само 22 починати. Македонија со (да речеме) 2 милиони жители до вчерашен датум имаше 7.240 заболени и 351 починат.

Coronavirus Australia: Melbourne locks down tower blocks as cases ...




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани