БУРГЕР КИНГ ПО МУВЛАТА СЕ ПОЗНАВА - или ако мувлосува - добро е!
  Објавено на
share

 

БУРГЕР КИНГ ПО МУВЛАТА СЕ ПОЗНАВА

Не е ругање туку е дел од новата кампања на глобалниот синџир сендвичари во која гордо покажуваат дека нивните сендвичи можат да фатат мувла.

 

Токму ова со мувлата и брзата храна беше еден од највпечатливите делови на „Super size me“ документарецот од 2004. Режисерот Морган Спарлок во стаклена тегла стави бургер од Мекдоналдс за да ја покаже неговата издржливост. 10 недели подоцна истиот овој бургер беше речиси како тогаш изваден од пакување. 

Бургер кинг сега објави дека на над 400 локации во САД ги отстранил сите вештачки презервативи од Воперот, а до крајот на годината ќе бидат опфатени сите сендвичари што брендот ги поседува во САД. Плус на ова, тие исто така тврдат дека над 90% од храната на нивното мени е без вештачки бои, вкусови и презервативи, и дека го имаат отстрането МСГ и сирупот од пченка (кој се користи како засладувач) од сите прехранбени продукти.

За да го одбележи ова тие ја пуштија кампањата „Мувлосан Вопер“, која верно на името изобилува со мувла во највисока дефиниција 

„Целта на мувлата е да нè убеди дека овој бургер на БК, без разлика колку не е здрав, барем не е преполн со непотребни хемикалии.

Најголемиот дел од тврдењата на рекламите изгубија какво било значење по децении немање посветеност кон вистината, па тука БК ја прави единствената логична работа што им преостанува и ни го покажа резултатот на своите тврдења,“ пишува Џеф Биар во Фаст компани.

99K likes
 
 
 
 
 
 
 
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани